Прејди на содржината

Национален парк Хајних

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Хајних
Nationalpark Hainich
Дрвена патека низ шумата
МестоГерманија Тирингија, Германија
Најблизок градБад Лангензалца
Површина75 км2
Воспоставен(а)31 декември 1997
Управно телоNationalpark Hainich
Bei der Marktkirche 9
99947 Бад Лангензалца

Националниот парк Хајних (германски: Nationalpark Hainich), основан на 31 декември 1997, е 13. национален парк во Германија и единствен во Тирингија. Една од главните цели на паркот е заштита на тамошната букова шума. Во 2011 паркот бил додаден на списокот на праисториски букови шуми на Карпатите и во Германија, дел од светското природно наследство.

Географија

[уреди | уреди извор]

Паркот со површина од 75 км2 се наоѓа во западниот дел на германската покраина Тирингија, источно од реката Вера и е дел од поголемиот природен парк Ајксфелд-Хајних-Вератал. Се простира на поголемиот дел од триаголникот помеѓу градовите Ајзенах, Милхаузен и Бад Лангензалца. Националниот парк се создал околу јужниот дел на Хајних, најголемата постојана листопадна шума во Германија.

Флора и фауна

[уреди | уреди извор]

Шумите во Хајних вклучуваат широк спектар на букови шуми како јасики, јавори, габери и липи. Многу габи можат да се пронајдат, како и места со цвеќиња, особено барските кокичиња и анемоните. Животните во паркот ги вклучуваат дивите мачки, 15 вида на лилјаци, 7 вида на клукајдрвци и преку 500 вида на бубачки.

Заштита на екосистемот

[уреди | уреди извор]

Целта на националниот парк Хајних е да врати голем дел од шумата во Средна Европа на нејзината првобитна состојба. Паркот покрива површина која порано била користена за воени вежби, со околу 50 км2 листопадна шума. Во иднина, буковата шума треба да се простира на поголемиот дел од површината на паркот.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Hainich Artenbuch – Tiere, Pflanzen und Pilze im Nationalpark Hainich, Verlag Rockstuhl, Bad Langensalza, 2005, ISBN 978-3-937135-37-3
  • Nationalpark Hainich: ein Urwald in der Mitte Deutschlands. Documentary, 30 Min., Germany, 1999, by Peter and Stefan Simank, Production: Simank-Filmproduktion, Dresden. Summary by Mitteldeutscher Rundfunk

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]