Барско кокиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барско кокиче
Летно кокиче (Leucojum aestivum).
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Семејство: Amaryllidaceae
Род: Leucojum
L.
Видови
ssp. aestivum
ssp. pulchellum
var. vernum
var. carpathicum

Барското кокиче (на лат. Leucojum) е род на многугодишни растенија. Овој род има 12 вида. Се среќава по влажни и засенчени места и покрај реки, како и во влажни гори.

Leucojum aestivum L.[уреди | уреди извор]

Тоа е многугодишно луковичесто растение, високо 65 cm. Листовите се линејни и се издигаат од основата, 2-6 на број, широки 5-13 mm. Цветовите се 3-7 на број и се сместени на врвот на стеблото со нееднакво долги дршки. Цветот е составен од шест еднакви, бели со зелени врвови, околуцветни ливчиња (долги и до 10-15 cm). Цвета во април и мај. Цветовите лачат силен и пријатен мирис. Сепак, ова растение е отровно. Се среќава по влажни ливади и мочуришта и во крајречните гори. Растението се користи во лековити цели, како и во украсни. Го содржи алкалоидот галантамин, од кој се добиваат различни лекови.

Класификација[уреди | уреди извор]

Родот Leucojum (Барско кокиче) ги вклучува само следните два вида: