Милхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милхаузен

Mühlhausen/Thüringen

Стариот град на Милхаузен
Стариот град на Милхаузен
Грб на Милхаузен
Милхаузен is located in Германија
Милхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Градоначалник Јоханес Брунс (СДП)
Основни податоци
Површина 130,7 км2
Надм. височина 216 м
Население 36.090 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 276 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH
Пошт. бр. 99974
Повик. бр. 03601
Портал www.muehlhausen.de
Местоположба на градот Милхаузен во рамките на округот Унштрут-Хајних
Карта
Координати 51°13′N 10°27′E / 51.217° N; 10.450° E / 51.217; 10.450Координати: 51°13′N 10°27′E / 51.217° N; 10.450° E / 51.217; 10.450

Милхаузен (службено Милхаузен/Тирингија; германски: Mühlhausen) или Mühlhausen/Thüringen; од 1975 до 1991 година познат како Милхаузен Томас-Минцер-Штат) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот Унштрут-Хајних и е сместен на реката Унштрут.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Милхаузен се наоѓа во географското средиште на Германија, кое се наоѓа во северозападниот дел на Тирингискиот Басен. Градското подрачје се граничи на запад со Хајних и на север со Оберајхсфелд.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини се Ментерода на север, градот Нотертал-Хајлингер Хеен и Кернер на исток, Унштрут-Хајних и Фогтај на југ, Родеберг на запад, како и Анроде и Унштрутал на северозапад.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од следниве места:[2][3][4]

  • Милхаузен/Тирингија
  • Болштет, од 1 јануари 2019 г.
  • Фелхта, од 30 јуни 1994 г.
  • Гермар, од 30 јуни 1994 г.
  • Грабе, од 1 јануари 2019 г.
  • Хенгеда, од 1 јануари 2019 г.
  • Залфелд, од 8 март 1994 г.
  • Зебах, од 1 јануари 2019 г.
  • Виндеберг, од 1 јуни 1992 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Милхаузен бил утврден во 925, а првпат е документиран во 967 како отонско село. Неговата рана важност се гледа по користите кои ги добил од кралот Хајнрих Птичарот (876–936) и од царското собрание одржано тука во 1135. Неговиот период на слава бил од 13 до 15 век.

Во текот на реформацијата, Милхаузен станал едно од главните седишта на Анабаптистите. Радикалниот реформатор Томас Минцер проповедал во Црквата Света Богородица во 1525, а подоцна бил заробен во близина на градот и погубен во градот.

Јохан Себастијан Бах бил оргулист во црквата Диви Бласи од 1707-1708.[5] Помеѓу делата кои Бах ги компонирал додека живеел во градот е празничната кантата Gott ist mein König за изборот на новиот совет во 1708.

Внатрешните борби и оштетувањата во текот на Триесетгодишната (1618–1648) и Седумгодишната војна (1756–1763) ја намалиле важноста на Милхаузен. Во 1802 ја загубил независноста и преминал во посед на Прусија. Во 1807 бил припоен на Кралството Вестфалија, но во 1815 повторно станал дел од пруската покраина Саксонија.

Од 1944 до март 1945 се наоѓал женски камп за принудна работа надвор од градот (дел од кампот Бухенвалд). Жените биле депортирани во април 1945 во Берген Белзен.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание

Советот на градот Милхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[6]

CDU 7 места (2014: 7)
Граѓанска листа за Милхаузен 7 места 0(8)
SPD 6 места (10)
AfD 5 места 0(−)
Левица 4 места 0(7)
Зелени 3 места 0(2)
FWG 3 места 0(−)
FDP 1 место 00(2)

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалникот Јоханес Брунс (SPD) бил избран во првиот круг на 22 април 2012 година со 53,3% од гласовите.[7] Во април 2018 година бил повторно избран со 62,7%.[8]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Милхаузен е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)
  2. „Thüringer Landesamt für Statistik“. statistik.thueringen.de. Посетено на 2020-06-26.
  3. Eingliederungsvertrag Weinbergen. ID-Nr. 423739. In: muehlhausen.de, 12. März 2018 (PDF; 109 kB).
  4. „Pressemitteilung - Aktuelles - Bürger und Stadt - Mühlhausen“. www.muehlhausen.de. Посетено на 2020-06-26.
  5. Christoph Wolff, et al. "Bach." Grove Music Online. Oxford Music Online. 19 мај 2010 <[1]>.
  6. Gemeinderatswahl 2019 in Hildburghausen In: wahlen.thueringen.de,
  7. „Johannes Bruns (SPD) ist neuer OB in Mühlhausen“. thueringer-allgemeine.de. 2012-04-22. Посетено на 2016-10-21.
  8. „Johannes Bruns für weitere sechs Jahre als Mühlhausens Oberbürgermeister gewählt“. thueringer-allgemeine.de. 2018-04-16. Посетено на 2018-06-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]