Риген (округ)
Изглед
| Риген Landkreis Rügen | |
|---|---|
| округ | |
| Земја | |
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Укинат | 2011 |
| Седиште | Берген |
| Површина | |
| • Вкупна | 973,92 км2 (37,603 ми2) |
| Население (2010) | |
| • Вкупно | 67.526 |
| • Густина | 0,69/км2 (1,8/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | RÜG |
| Мреж. место | kreis-rueg.de |
Риген (германски: Rügen) — поранешен округ во североисточниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот Риген бил создаден во 1806 од шведската администрација на Шведска Померанија. Најпрвин бил именуван како Амт Берген, но од 1810 го носи името округ Берген. На 4 септември 2011, Риген бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Округот се граничел целосно со Балтичкото Море. Најблиски окрузи биле Северна Западна Померанија и слободниот град Штралзунд. Округот ги покривал островите Риген и Хидензе и неколку помали острови како Уманц и Вилм. Така тој бил единствениот округ во Германија, кој се состоел само од острови.
Грб
[уреди | уреди извор]| Грбот потекнува од грбот на Кнежевството Риген од XIII век, со единствена измена во круната. Грбот бил донесен на 18 јануари 1993. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Слободни градови | Слободни општини |
|---|---|
| Општински заедници | ||
|---|---|---|
|
| |
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Риген (округ)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 12 февруари 2008 г. (германски)
- Туристичка страница (германски) (англиски)
| ||||||||||||
54°25′N 13°25′E / 54.42°N 13.42°E
|