Трент (Германија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трент
Велопоседничка куќа Венц во Трент
Велопоседничка куќа Венц во Трент
Велопоседничка куќа Венц во Трент
Грб на Трент
Трент (Германија) во рамките на Германија
Трент (Германија)
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Запад-Риген
Месни единици 12
Градоначалник Гунтер Кригер
Основни податоци
Површина 35,40 км2
Надм. височина 5 м
Население 657 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 19 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18569
Повик. бр. 038305, 038309
Местоположба на Трент во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Карта
Координати 54°31′N 13°15′E / 54.517° СГШ; 13.250° ИГД / 54.517; 13.250Координати: 54°31′N 13°15′E / 54.517° СГШ; 13.250° ИГД / 54.517; 13.250

Трент (германски: Trent) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед на Либницскиот Залив

Трент се наоѓа во северозападниот дел на Мутланд, средишниот дел на германскиот остров Риген во Балтичкото Море, околу 17 километри северозападно од градот Берген на Риген. Општината на север се граничи со заливите Викер Боден и Брецер Боден, а на исток со заливот Нојендорфер Вик. Мал дел на селото Фрезен, дел од општината, се граничи со заливот Ударзер Вик.

Трент се наоѓа на старата историска трговска патека, која започнувала од Штралзунд и одела до полуостровот Витов.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Во општината влегуваат следниве села: Фишерзидлунг, Фрезен, Ганшвиц, Грозов, Холстенхаген, Јабелиц, Либниц, Трент, Трибкевиц, Вашвиц, Венц и Цубцов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]