Берген на Риген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берген на Риген
Панорам на Берген на Риген кон Штралзунд (југозапад)
Панорам на Берген на Риген кон Штралзунд (југозапад)
Панорам на Берген на Риген кон Штралзунд (југозапад)
Грб на Берген на Риген
Берген на Риген во рамките на Германија
Берген на Риген
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Берген на Риген
Градски единици 13
Градоначалник Андреа Кестер (ДХС)
Основни податоци
Површина 51,42 км2
Надм. височина 55 м
Население 13.572 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 264 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18528
Повик. бр. 03838
Портал www.stadt-bergen-auf-ruegen.de
Местоположба на градот Берген на Риген во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Карта
Координати 54°25′N 13°26′E / 54.417° СГШ; 13.433° ИГД / 54.417; 13.433Координати: 54°25′N 13°26′E / 54.417° СГШ; 13.433° ИГД / 54.417; 13.433

Берген на Риген (германски: Bergen auf Rügen) — град и административно седиште на поранешниот округ Риген во средишниот дел на истоимениот остров, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Од 1 јануари 2005, Берген претставува и административно седиште на општинската заедница Берген на Риген, која е најнаселената општинска заедница во целата покраина. По административната реформа во 2011, градот припаѓа на новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Берген се наоѓа во средишниот дел на најголемиот германски остров, Риген, во Балтичкото Море. Градот се наоѓа во ридеста област и шумата Ругард достигнува височина од 91 метар надморска височина. Областа околу Берген е главно земјоделска. Самиот град е изграден на ледничка морена, која потекнува од последното ледено доба. Недалеку од Берген на североисток, е Малиот Јазмундски Залив, плиток залив, а на југоисток се наоѓа друг залив, Грајфсвалдски Залив, и градот Путбус.

Јужно од градот е Кибицмор, а на северозапад е Ноненското Езеро, кое било повторно наполнето пред неколку години.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Следниве единици претставуваат делови на Берген:

  • Берген Зид
  • Думзевиц
  • Кајзериц
  • Каров
  • Кикут
  • Некладе
  • Штрој
  • Тилцов
  • Трипс
  • Цитвиц

Берген Зид[уреди | уреди извор]

Берген Зид е најнаселен округ на Берген. Се состои главно од станбени блокови (plattenbau) и била изградена во средината на 1960-тите. Зградите биле обновени во текот на 1990-тите. Во округот се наоѓаат едни од двете гробишта во градот и индустриска зона.

Ротензе[уреди | уреди извор]

Ротензе е вториот најнаселен округ во Берген и се наоѓа западно од градот. Исто како Берген Зид, Ротензе настанал со изградба на станбени блокови, изградени во 1980-тите. Дури од 2000 година започнале да се обновуваат куќите. Поради опаѓањето на населението на градот, голем број куќи биле срушени или напуштени.

Тетел[уреди | уреди извор]

Тетел е најмалиот округ во Берген. Се наоѓа југоисточно од Берген, близу Цитвиц. Само три семејства се постојани жители во Тете. Најстарата куќа има околу 120 години.

Историја[уреди | уреди извор]

Име[уреди | уреди извор]

Потеклото на името е од 1232, кога постоело место на Риген наречено Гора, словенски збор за „планина“ (Berg на германски) кое било изведено од полапскиот јазик говорен од Рујаните, Словени кои некогаш живееле во областа. Регистарот Роскилде (Roeskilder Matrikel) од 1294 спомнал место како Вила Берге (Villa Berghe). Во 1278 бил наречен Берге (Berghe), во 1302 Берге во Руја (Bergh in Ruya) и во 1306 Берген (Berghen). Во 1314 бил спомнат во документите како villa montis.

На 6 ноември 1996 бил преименуван од Берген/Риген во Берген на Риген.

Среден век[уреди | уреди извор]

Историјата на Берген започнува пред илјада години. Меѓутоа, првите населби на денешната територија на Берген се значително постари. Во текот на раниот среден век, Риген бил населен од словенското племе, Рујани кои основале пагански храм на ’ртот Аркона, бранен од тврдина, Јаромарсбург. Во областа на денешниот Берген бил основан замок на ридот Ругард.

Кога племето било потчинето од Данците, кои го основале Кнежевството Риген владеено од локална династија, бургот Ругард станал административен центар. При данското владеење, кнежевството станало христијанско и одредиште на германското населување при источното доселување. Самиот град Берген бил основан на соседниот рид и бил дел од бедемите на Ругард, кои денес се зачувани и претворени во парк, северно од центарот на градот.

Нешто по падот на Јаромарсбург во 1168 започнала изградбата на Св. Богородица како црква на принцот на Риген, Јаромар I. Во 1193, црквата сега осветена и целосна, била претворена во цистерцијански манастир. Постои необичен куриозитет на северната страна на црквата: часовникот поставен на црковната кула покажува 61 минута. Основањето на манастирот поттикнало да се изгради првото преноќувалиште во 1232.

Во 1325, Берген, заедно со Кнежевството Риген, станало дел од Војводството Померанија. До XV век, Берген бил под манастирска администрација. Пожарите, како тој во 1445, скоро целосно го уништиле градот, манастирот и делови на црквата.

Ново време[уреди | уреди извор]

Во 1534, со декрет на померанскиот Ландтаг била воведена реформацијата во Померанија. Сопственоста на манастирот била префрлена на померанските војводи.

Во 1613, Берген добил градски права. Ова е необично, споредено со останатите померански градови, кои веќе добиле градски права во XIII век. По Триесетгодишната војна, градот станал шведски како дел од Шведска Померанија во 1648. Во 1815, станал дел од пруската Покраина Померанија.

XIX век[уреди | уреди извор]

Првите индустриски претпријатија биле основани во 1823 и 1953, кога биле изградени фабриките за кожа. Во 1883 пристигнал првиот воз на станицата Берген од Алтефер. Во 1890 започнала со работа млекарница, а следната година била изградена поштата.

XX век[уреди | уреди извор]

Четири дена пред крајот на Втората светска војна, небранетиот Берген бил окупиран од Црвената армија на 4 мај 1945. Откако била основана Источна Германија, новата влада продолжила со понатамошна индустријализација. Во 1952, започнала изградба на индустриска зона во западниот дел на градот. Од 1953 до 1958 биле основани неколку млекарници, кои обработувале 300 тони млеко дневно. Во 1955/56 се изградила пекарница. Во 1957/1958 започнале со работа кланица и фабрика за месо. Прехранбената индустрија го снабдувала со храна целиот Риген и делови на копното. По повторното обединување, градот доживеале бројни промени. Населението се намалила од скоро 20.000 на 16.500. Многу станбени блокови биле обновени или срушени. Покрај тоа, неколку училишта биле затворени, додека биле изградени нови хотели. Историскиот стар дел на градот бил целосно обновен.

Население[уреди | уреди извор]

Година Население
1600 околу 1.650
1630 само 400
1788 околу 1.500
1890 4.000
1989 19.200
2000 15.615
2006 14.430

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничката станица Берген на Риген

Железничката станица во градот е опслужувана од возови од и до Берлин, Келн, Дрезден, Диселдорф, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Прага, Росток, Штралзунд и Штутгарт.

Берген има добри сообраќајни врски. Ова се однесува на патувањето на самиот остров и националниот железнички систем. Патната врска со копното, од друга страна, може да биде проблематична. Во изминатите години, во летниот период, Ригенскиот насип, мост кој го спојува Риген со копното кај Штралзунд, често предизвикувал застои. Ова неодамна било решено со пуштање на новиот Ригенски мост, втор мост преку Штрелазунд.

Сојузниот автопат Б96 води до Берген од Штралзунд, каде се поврзува со Б105, кој води до Росток. До Берген може да се стигне со кола и преку ферибот од Глевиц. Во Берген започнува сојузниот автопат Б196, кој води до источниот дел на островот. Самиот Б96 води понатаму до Засниц.

Железничкиот систем функционира одлично уште од неговите почетоци на Риген во 1883. Главниот град на островот, Берген, секогаш бил во повластена улога, поради тоа што се наоѓа во средишниот дел на главните сообраќајни артерии до бањските одморалиште и пристаништето кај Мукран (Засниц).

Сите делови на Риген се достапни од Берген со автобус.

До 1960-тите, Берген исто така бил опслужуван од железница на тесен колосек, Ригенска бањска линија, но била прекината. Меѓутоа, дел од овој систем сè уште функционира.

Рекреација[уреди | уреди извор]

  • Недалеку од историскиот центар на градот е шумата Ругард (Rugardwald). Од Кулата Ернст Мориц Арнт на 91 метар надморска височина се нуди неверојатен панорамски поглед на Риген.
  • Во северниот дел на шумата постои летна патека за санкање.

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Музеи[уреди | уреди извор]

Релјеф на западната фасада на Црквата Св. Богородица
Црква Св. Богородица

Музејот на градот Берген е сместен во една стара градба од поранешниот манастир. Во музејот се прикажани праисторијата и раната историја на Риген и градската историја на Берген од основањето на манастирот до средината на XIX век.

Градби[уреди | уреди извор]

  • Поранешната манастирска црква Св. Богородица, започната во 1168 како црква на принцот на Риген, Јаромар I, била целосно завршена пред 1193. Црквата е најстарата зачувана градба од тули во Мекленбург-Западна Померанија. Надгробната плоча поставена во надворешниот ѕид на Црквата Св. Богородица се верува дека е онаа на принцот. Во XIV век била проширена.
  • Црквата Св. Бонифациј, седиште на Римокатоличката црква на Риген.
  • Манастирските објекти на манастирот Берген, основан во 1193, потекнуваат од XII и XIII век. Некои биле срушени во 1600 и по 1829, оставајќи само остатоци од неколку објекти.
  • Многу градски куќи, главно двокатни фахверк градби.
  • Меморијална плоча на влезот на гробиштата за дванаесетте убиени затвореници во концентрацискиот камп Штутхоф.
  • Споменик од 1964 за антифашистичките борци.
  • Во близина на историскиот центар на градот е шумата Ругард.
  • Летна патека за санкање во северниот дел на Ругард.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Берген на Риген е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]