Едрење покрај гребените во Националниот парк Јазмунд, на островот Риген. Округот Западна Померанија-Риген е еден од најпопуларните места за домашните и меѓународните туристи во Германија, благодарение на неговата уникатна заштитена природа, добрата инфраструктура, популарната бањска архитектура, историските градови и пространите плажи на бреговите на Балтичкото Море.
Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Северна Западна Померанија и Риген и поранешниот слободен град Штралзунд, како дел од локалната административна реформа во септември 2011.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011.[3] Проектното име за округот било Северна Западна Померанија.