Северна Западна Померанија (германски: Nordvorpommern) — поранешен округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните три окрузи Гримен, Рибниц-Дамгартен и Штралзунд. На 4 септември 2011 бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Низ вековите, областа била најзападниот дел на Померанија. До 1819 била шведска територија, потоа пруска територија, по што била наречена Нова Западна Померанија (Neuvorpommern).
Грбот прикажува два грифона. Златниот грифон на лево е симбол на принцовите од Росток. Црниот грифон на десно потекнува од грбот на Померанија, кој сепак користел црвен грифон како нивен симбол. Територијата на округот била владеена од померанските војводи, кои користеле црн грифон.