Преров (германски: Prerow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Ова балтичко приморско одморалиште на полуостровот Дарс е сместено на половина пат помеѓу историските ханзеатски градови Росток и Штралзунд. Тоа е една од трите главни населби на Дарс, а другите се селата Борн и Вик. Преров има убаво песочни плажи и сликовит пејзаж. Прастарата шума Дарс има околу 50 километри пешачки и велосипедски патеки.
Самиот Преров бил рибарско село, но сега претставува приморско одморалиште. Благодарение на неговите климатски карактеристики, како и близината на морето, шумата и добрата вода, отсекогаш бил признаен како бања. Во 1998, министерот за социјални и економски прашања официјално го признал селото како приморско и здравствено одморалиште.