Бад Доберан (округ)
Бад Доберан Landkreis Bad Doberan | |
---|---|
Округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Укинат | 2011 |
Адм. цент. | Бад Доберан |
Површина | |
• Вкупна | 1.362 км2 (526 ми2) |
Население (2010-12-31) | |
• Вкупно | 117,197 |
• Густина | 86/км2 (220/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | DBR |
Мреж. место | lk-dbr.de |
Бад Доберан (германски: Bad Doberan) — поранешен округ во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по неговиот најголем град, Бад Доберан. Округот го опкружувал градот Росток, граничејќи се со Балтичкото Море на север, како и поранешните окрузи Северна Западна Померанија, Гистров и Северозападен Мекленбург. Округот бил распуштен со административната реформа во септември 2011. Оттогаш, неговата територија е дел од округот Росток.
Историја[уреди | уреди извор]
Пред 500 г. источногерманските племиња преовладувале во областа, кои подоцна се преселиле на запад. Тогашната рурална област потоа била слабо населена од Словените до XII век. Остатоци на словенски замок можат да се најдат во Рерик (кој сè уште го има словенското име). Во 1160, Хајнрих Лавот ја освоил областа; по што стигнале германски монаси, селани и трговци, за да се населат во областа. Во средниот век, областа користела поради близината на богатиот ханзеатски град Росток. Најлошо време во локалната историја била Триесетгодишната војна, кој скоро целосно ја уништил областа.
Во 1793 бањското одморалиште Хајлигендам (денес дел од Бад Доберан) било основано и областа станала летна резиденција за војводите на Мекленбург-Шверин.
Во 1952 биле основани окрузите Бад Доберан и Росток-Ланд. Тие биле споени во 1994 со цел да се создаде округот Бад Доберан. Овој округ бил споен со округот Гистров поради административната реформа во септември 2011, создавајќи го новиот округ Росток.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот поседува 62 километри брег долж Балтичкото Море и неговото копно на двата брега на реката Варнов. Варнов влегува во округот на југ и се влива во градот Росток. Росток бил опкружен од округот, но не и дел од него.
Грб[уреди | уреди извор]
Грбот прикажува:
|
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | |||
---|---|---|---|
|
|
| |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Бад Доберан (округ)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница (англиски) (германски) (холандски)
|
Координати: 54°00′ СГШ; 12°00′ ИГД / 54.00° СГШ; 12.00° ИГД