Цирков
| Цирков | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Округ | Западна Померанија-Риген |
| Месна заед. | Менхгут-Границ |
| Градоначалник | Гундула Кнебе |
| Основни податоци | |
| Површина | 25,62 км2 |
| Надм. височина | 25 м |
| Население | 705 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 28 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | RÜG |
| Пошт. бр. | 18528 |
| Повик. бр. | 038301, 038393 |
| Портал | www.amt-moenchgut.de |
| Местоположба на Цирков во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
| Координати | 54°23′N 13°32′E / 54.383°N 13.533°E |
Цирков (германски: Zirkow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.
Географија
[уреди | уреди извор]Цирков се наоѓа во биосферниот резерват Југоисточен Риген помеѓу малиот град Путбус и балтичкото одморалиште Бинц. На североисток се граничи со Шмахтерското Езеро близу Бинц.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Во рамките на општината Цирков се наоѓаат следниве села: Алт Зилиц, Далквиц, Нистелиц, Пантов, Шмахт, Зерамс и Фирвиц.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Цирков било првпат споменато во 1495. Името на местото доаѓа од словенскиот збор сираков, кој означува „место на сирак“.
До 1326, областа била дел од Кнежевството Риген, а потоа на Војводството Померанија.
До Вестфалскиот мир во 1648 Риген, а со тоа и Цирков, биле под шведска власт. Во 1815, селото заедно со Западна Померанија, потпаднале под пруската Покраина Померанија.
Во 1818, Цирков станал дел од округот Риген и останал таму сè до 2011, освен малиот период од 1952 до 1955 кога бил дел од округот Путбус. Во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Тулната црква со основа од првата половина на XV век
- Историскиот центар на селото со заштитени фахверк куќи
- Природен резерват Шмахтерско Езеро
- Ридот Ригенска девица (Rügener Jungfrau)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Цирков“ на Ризницата ? |
|
| Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

