Зелин
| Зелин | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Округ | Западна Померанија-Риген |
| Месна заед. | Менхгут-Границ |
| Градоначалник | Рајнхард Литке (Selliner Wählergemeinschaft) |
| Основни податоци | |
| Површина | 14,33 км2 |
| Надм. височина | 30 м |
| Население | 2.710 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 189 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | RÜG |
| Пошт. бр. | 18586 |
| Повик. бр. | 038303 |
| Портал | www.sellin.de |
| Местоположба на Зелин во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
| Координати | 54°23′N 13°41.5′E / 54.383°N 13.6917°E |
Зелин (германски: Sellin) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.
Историја
[уреди | уреди извор]
Првите споменувања на Зелин потекнуваат од 1295. Од 1880, па натаму, градот брзо стекнувал значајност како балтички бањски град. По Револуцијата во 1989, селото било во голема мерка обновено и осовремено. Во 1992 била повторна изградена крајбрежната патека и била официјално отворена на 2 април 1998.
Култура и знаменитости
[уреди | уреди извор]Вилхелмштрасе (Wilhelmstraße), со нејзините убави куќи од периодот на бањска архитектура (премин на XIX во XX век), води до стрмниот брег, до 30 метри височина, каде се наоѓаат скали и лифт до Крајбрежната патека Зелин или шеталиштето на Јужната плажа (Südstrand).
Зелин има најдолга крајбрежна патека на Риген: 394 метри. Од 1991, историскиот центар бил многу обновен како дел од програмата за урбан развој.
Други знаменитости се Галерија Хартвих (Galerie Hartwich) во старата противпожарна станица, Килибарниот музеј и црквата. Килибарниот музеј бил основан во 1999 и е единствен таков на Риген.
Шварцското Езеро во Границ исто така припаѓа на општината и е одредено како строго заштитен резерват.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Зелин на Ризницата ?- Официјална страница
|
| Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

