Витов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Витов означен со црвено на островот Риген

Витов (германски: Wittow) — најсеверниот полуостров на островот Риген. Витов бил одделен остров до доцниот среден век, откога е поврзан со полуостровот Јазмунд на Риген преку теснецот Шабе. Витов е најпознат по ’ртот Аркона, кој содржи остатоци на поранешниот храм на Рујаните.

Координати: 54°38′N 13°20′E / 54.633° СГШ; 13.333° ИГД / 54.633; 13.333