Готска Санден
| Национален парк Готска Санден | |
|---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Поглед на источното крајбрежје од светилникот. | |
| Место | Готланд, Шведска |
| Најблизок град | Форесунд |
| Координати | 58°22′N 19°15′E / 58.367°N 19.250°E |
| Воспоставен(а) | 1909, проширен во 1963 и 1988[1] |
| Управно тело | Служба за заштита на природата |
Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км2.
Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.
- Воздушна снимка на островот
- Северното крајбрежје
- Плажа на островот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеnaturvårdsverket.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Готска Санден“ на Ризницата ? |
- Национален парк Готска Санден Архивирано на 25 март 2011 г. - Служба за заштита на природата (англиски)
- Птици на Готска Санден Архивирано на 11 јануари 2008 г. (англиски)
| ||||||||