Костерхавет (национален парк)

Координати: 58°50′N 11°01′E / 58.833° СГШ; 11.017° ИГД / 58.833; 11.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Костерхавет
Kosterhavets nationalpark
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоБохуслен, Шведска
Најблизок градСтремстад
Координати58°50′N 11°01′E / 58.833° СГШ; 11.017° ИГД / 58.833; 11.017
Површина388,78 км2[1]
Воспоставен(а)2009
Управно телоСлужба за заштита на природата
lansstyrelsen.se/vastragotaland/Projektwebbar/Kosterhavet/Information in English

Националниот парк Костерхавет (швед. Kosterhavets nationalpark) е првиот морски национален парк во Шведска, отворен во септември 2009.[2] Паркот се протега во општините Стремстад и Танум во покраината Бохуслен (округ Вестра Јеталанд.[3][4] Го опфаќа морското подрачје и крајбрежјето околу Костерските Oстрови, но без самите острови. На север се граничи со норвешкиот морски парк Итре Хвалер.

Природа[уреди | уреди извор]

Логото на Костерхавет
Топографска карта на паркот

Животната околина во паркот е својствена само за Шведска. Тука се присутни над 6.000 морски видови, од кои 200 ги нема на ниедно друго место во земјата. Фјордот Костерфјорд е длабок 200 м со студена вода (5-7 °C) и висока соленост (~35%). Струите од Атлантикот носат разни раменоги, сунѓери и корални ларви. Во паркот се гнездат ретки птици како поларната рибарка и поморникот, заедно со голем број на фоки. Во поплитките води на крајбрежјето се мрестат рибата-лист, бакаларот и морската пастрмка.

Стопанскиот риболов е дозволен, но под посебни услови. Подрачјето е значајно како ловиште на северни ракчиња и норвешки јастози. Риболовот не е заштитен со еколошките регулативи, туку подлежи на законите за рибарење од 2000 г.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален парк Костерхавет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-09-23. Посетено на 5 ноември 2009. (англиски)
  2. „Мрежно место на националниот парк Костерхавет“. Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд. 10 септември 2009. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
  3. „Костерхавет е предвиден да биде првиот морски национален парк во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-03-30. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
  4. „Првиот морски национален парк во Шведска“. Svenska Dagbladet. 19 март 2009. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
  5. „Одговорен риболов во морскиот национален парк“. Одбор за риболов. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]