Прејди на содржината

Стура Шефалет (национален парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Стура Шефалет
Stora Sjöfallets nationalpark
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Поглед на езерото Кортејауре и потокот Њабејоко
Местоокруг Норботен, Шведска
Координати67°29′N 18°21′E / 67.483°N 18.350°E / 67.483; 18.350
Воспоставен(а)1909[1]
Управно телоСлужба за заштита на природата
Стура Шефалет: бр. 3 на картата на национални паркови во Шведска

Стура Шефалет (швед. Stora Sjöfallet) е национален парк во округот Норботен во северниод дел на Шведска, на границата со Норвешка. Отворен е во 1909 и сочинува дел од областа Лапонија, која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Во паркот некогаш постоеле највеличенствените водопади во Европа, но набргу по прогласувањето на паркот владата дозволила изградба на хидроенергетски капацитети. Со измената на текот на водата ги снемало и водопадите, а ова воедно причинило оштетување на крајбрежјето на езерото Акајауре. Во овој дел од паркот подоцна е изграден далновод, патишта и брегови од чакал. Поради драстичните промени на пејзажот, веќе во 1960-тите се довело во прашање постоењето на паркот. Денес подрачјето со водопади не е дел од паркот, иако тие биле главната причина за неговото прогласување.

Паркот зафаќа површина од 1.278 км². Акумулацијата Акајауре го дели на два дела. Западниот и северниот дел на паркот зафаќаат дел од Скандинавските Планини, и имаат неколку ледници и некои од највисоките врвови во земјата. Над паркот се извишува планината Ака, наречена „Кралицата на Лапонија“. Ридските предели во јужниот дел на паркот се прекриени со елки.

  1. ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име "naturvårdsverket".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]