Лапонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мочурлив предел („палса“) во општината Енонтекие, финска Лапонија

Лапонија или Сапми — регион во северниот дел на Скандинавскиот Полуостров, над Северниот Поларник. На север граничи со Баренцово Море, на запад со Норвешко Море, а на исток со Белото Море. Регионот е населен претежно со Лапонци кои за овие предели се сметаат за староседелци. Исто така, има и Норвежани, Швеѓани, Финци и Руси. Лапонската територија во политички поглед е поделена меѓу Норвешка, Шведска, Финска и Русија.

Поврзано[уреди | уреди извор]