Тропрст галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тропрст галеб
Rissa tridactyla (Vardø, 2012).jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Rissa
Вид: Тропрст галеб
Биномен назив
Rissa tridactyla
(Linnaeus, 1758)
     Лето      Зима

Тропрстиот галеб (Rissa tridactyla) е вид птица од фамилијата галеби. Го има и во Македонија. Овој вид за првпат бил опишан од Карл Лине во 1758 како Larus tridactylus.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасниот тропрст галеб е долг 37-41 cm со распон на крилјата 91 – 105 cm и тежина од 305 до 525 грама.[3] Има бела глава и тело, сив грб и сиви крилја обрабени со црно. Има црни нозе и жолт клун. Некои индивидуи имаат розево-сиви до црвеникави нозе. Во зима, овој вид има темно сива дамка зад окото и сива лента на вратот како гердан. Се огласува со врескаво „кити-во-аајк, кити-во-аајк“.

Распространетост и размножување[уреди | уреди извор]

Тропрстиот галеб се размножува на бреговите на северниот Тихи Океан и северниот Атлантски Океан, често среќаван во Северна Америка и Европа. Се размножува во големи колонии на бреговите и тогаш се многу бучни. Снесуваат 1 или 2 сивкасти јајца со потемни дамки, во гнездо наредено со мов или алги. Малечките се сосема бели без никакви камуфлажни пердуви бидејќи не излегуваат веднаш од гнездото да шетаат наоколу. За разлика од другите галеби, овие го напуштаат брегот и навлегуваат во отворениот океан, вон сезоната на парење.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Има два подвида:

  • Rissa tridactyla tridactyla во сверен Атлантски Океан;
  • Rissa tridactyla pollicaris во северен Тихи Океан.



Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Harrison, Peter (1988). Seabirds: An Identification Guide. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-1410-8
  1. BirdLife International (2012). Rissa tridactyla. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003255. посет. 16 јули 2012 г.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 136. „L, albicans dorso canescente, rectricibus excepto extimo nigris, pedibus tridaclylis.“ 
  3. [1] (2011).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]