Зеленонога тринга
Зеленонога тринга | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Мочварки |
Род: | Тринги |
Вид: | Зеленонога тринга |
Научен назив | |
Tringa nebularia (Gunnerus, 1767) |
Зеленоногата тринга (науч. Tringa nebularia) е крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која заедно со жолтоногата и дамчестата тринга сочинуваат поблиска група, покажувајќи ја различноста во бојата на нозете. Оваа птица е субарктичка, распространета од северна Шкотска на исток, преку северна Европа и Азија. Ја има и во Македонија. таа е типична птица преселница која зимува во Африка, Индија и Австралија.
Опис
[уреди | уреди извор]Зеленоногата тринга е долга до 35 см со распон на крилјата од 70 см и тежина од 280 г. Тој има долги сивозелени нозе и долг, силен и малку искривен надолу клун. Горните делови му се кафеавосива боја, а стомакот е бел. Немаат полов диморфизам. Природни непријатели им се грабливите птици. Во принцип, тие е кротки и внимателни птици кои знаат да пливаат и нуркаат. Неговото пеење звучи како тиу-тиу-тиу.
Размножување
[уреди | уреди извор]Овие птици гнездат на сува земја близу до мочурливи предели. Сезоната за парење трае од мај до јули. Гнездото е шуплина во земјата послана со трева. Женките несат 4-5 големи јајца кои се инкубираат од двата родитела во период од 25 дена. Пилињата уште од првиот ден на животот се многу активни.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Како повеќето крајбрежни птици се хранат со разни безрбетници, инсекти, мекотели, црви, како и со мали риби.
Статус
[уреди | уреди извор]За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Tringa nebularia“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- Pereira, S. L., & Baker, A. J. (2005). Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107 (3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML abstract
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (Common) Greenshank - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Call of the Greenshank (Real Audio soundfile from Sveriges Radio P2)
- Ageing and sexing (PDF; 1.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.
„Зеленонога тринга“ на Ризницата ? |
„Tringa nebularia“ на Викивидовите ? |