Мало црноглаво грмушарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало црноглаво грмушарче
Sardinian Warbler.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Мало црноглаво грмушарче
Биномен назив
Sylvia melanocephala
(Gmelin, 1789)
Подвидови

2-6, види во текстот

Малото црноглаво грмушарче (науч. Sylvia melanocephala) е вообичаена и распространета птица, претежно во Медитеранскиот регион. Ја има и во Македонија.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Се разликуваат следниве подвидови:

  • Sylvia melanocephala melanocephala, (Gmelin, 1789), Пиринејски Полуостров преку северен Медитеран до западна Турција. Зимува во Сахел и во оазите на Сахара;[2] ; голем, со долги крилја, со поостар врв на опашката; потемен, без црвеникаво кај мажјаците, женките одозгора се од темно маслинавокафеави до маслинавосиви;[2]
  • Sylvia melanocephala leucogastra, (Ledru, 1810), често вклучени во melanocephala[2]; Канарски Острови, постојан жител; средно голем, со пократки крилја и поголем клун;
  • Sylvia melanocephala momus (Hemprich & Ehrenberg, 1833), Блиски Исток, постојан жител; помала, со кратки крилја; варијации помеѓу кафеавосиво и пепелаво, а одоздола секогаш со црвеникав сјај;[2]
  • Sylvia melanocephala norissae (Nicoll, 1917), делтата на Нил; изумрен од околу 1940;[2]
  • Sylvia melanocephala valverdei (Cabot & Urdiales, 2005) - неодамна одвоен од melanocephala; Мароко, на југ до работ на Сахара; постојан жител; средноголем, најсветол подвид, долните делови се чисто бели.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Малото црноглаво грмушарче е долго 13-14 см, и како и другите видови од неговата фамилија има изразен полов диморфизам. Мажјаците имаат сив грб, белкави долни делови, црна глава, бел врат и црвен прстен околу очите. Пердувите имаат свои варијанти дури и на едно место, со интензитетот на црвеникава нијанса на горните или долните делови. Женките се кафеави одозгора и кремави одоздола, со сива глава.

Поведение[уреди | уреди извор]

Sylvia melanocephala јајца

Живеалиштето на оваа птица се топлите делови од Европа, Медитеранот и северна Африка, отворените шумските предели со густи грмушки, како и парковите и градините. Благодарение на топлата клима тие се постојани жители и немаат потреба од миграција, иако мал број сепак се селат во Африка.

Се хранат претежно со инсекти, но и со бобинки и меко овошје наесен и зиме.

Размножување[уреди | уреди извор]

Во април или мај овие птици градат гнездо во облик на чашка, ниско во грмушките. Несат 3-5 јајца, бели испрскани со кафеави потемни и посветли дамки. Периодот на квачење трае 13-14 дена, а тоа и хранењето на пилињата, мажјакот и женката го прават заедно. Младенчињата го напуштаат гнездото по десетина дена, но се кријат во вегетацијата. Во една сезона, овие птици имаат едно до две легла.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Sylvia melanocephala. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Cabot & Urdiales (2005)
  • Cabot, J. & Urdiales, C. (2005): The subspecific status of Sardinian Warblers Sylvia melanocephala in the Canary Islands with the description of a new subspecies from Western Sahara. Bull. B.O.C. 125(3): 165-175.
  • Helbig, A.J. (2001): Phylogeny and biogeography of the genus Sylvia. In: Shirihai, Hadoram: Sylvia warblers: 24-29. Princeton University Press, Princeton, N.J.. ISBN 0-691-08833-0
  • Jønsson, Knud A. & Fjeldså, Jon (2006): A phylogenetic supertree of oscine passerine birds (Aves: Passeri). Zool. Scripta 35(2): 149–186. doi:10.1111/j.1463-6409.2006.00221.x (HTML abstract)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]