Тенкоклун галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тенкоклун галеб
Larus genei.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Chroicocephalus
Вид: Медитерански галеб
Биномен назив
Chroicocephalus genei
(Brème, 1839)
Синоними

Larus genei

Тенкоклуниот галеб (Chroicocephalus genei) е средна по големина птица од фамилијата галеби, редот на бекасовите. Го има во Македонија.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Тенкоклуниот галеб е најмногу распространет и се пари околу Медитеранот, северниот дел на западниот Индиски Океан (на пр. Пакистан) на островите и крајбрежните лагуни. Поголем дел од населението се миграторни и се преселуваат на југ да презимат во Африка и Индија, а некои птици зимауваат на запад, во Европа. А заскитан поединец бил видени на 24 април 1976 година во Антигва, (AOU, 2000).

Опис[уреди | уреди извор]

Овој вид се карактеризира со 37–40cm должина и со 90–102cm распон на крилја. Сличен е со црноглавиот галеб, но е малку поголем и главата не му е црна, туку бела. Тенкоклуниот галеб е речиси целиот бел, освен во лето, вратот, градите и долниот дел му се розеви, а краевите на основните пердуви му се сиви и црни. На опашката има црно-бели ленти. Клунот му е елегантен, вратот долг, а нозете црвени. Оваа птица станува зрела по втората година кога станува возрасен галеб. Првата година крилата на птиците се потемни и имаат црна опашка. Името на оваа птица доаѓа од италијанскиот природонаучник Џузепе Гене.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Тенкоклуниот галеб се храни со мали риби, инсекти и ракчиња.

Размножување[уреди | уреди извор]

Овие птици се гнездат во колонии, оддалечени по помалку од 1 м, па дури и само по 20 см. Гнездото е претставува мала вдлабнатинка во песокот или на земја и несат 2-3 јајца. Како и повеќето галеби, тој е повеќе дружељубив во зима и прави поголеми јата. Тој не е океански вид и ретко се гледа на море, далеку од бреговите. Тој е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).

Наводи[уреди | уреди извор]

  • American Ornithologists' Union (AOU) (2000): Forty-second supplement to the American Ornithologists' Union Check-list of North American Birds. Auk 117(3): 847–858. DOI: 10.1642/0004-8038(2000)117[0847:FSSTTA]2.0.CO;2
  • Harrison, Peter (1988). Seabirds: An Identification Guide. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-1410-8
  • Pons J.M., Hassanin, A., and Crochet P.A.(2005). Phylogenetic relationships within the Laridae (Charadriiformes: Aves) inferred from mitochondrial markers. Molecular phylogenetics and evolution 37(3):686-699