Трскари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трскари
Carricero tordal.jpg
Обичен трскар
(Acrocephalus arundinaceus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Salvin, 1882
Родови

трскар (Acrocephalus)
жолт трскар (Chloropeta)
гушанче (Hippolais)
метларче (Nesillas)

Трскарите (науч. Acrocephalidae) се фамилија на птици од редот врапчевидните (Passeriformes).

Видовите од оваа фамилија се прилично големи за нивната класа. Највеќето имаат маслинеста кафеава боја, а долната страна им е жолта до драп. Се среќаваат на отворени проретчени шуми, тревнати предели и мочуришта и други водести површини со трска. Живеат претежно во јужна до западна Евроазија и околината, некои се присутни дури до Тихиот Океан, а извесни видови ги има и во Африка. Од стручно гледиште, родот има голема потреба од преработка. Или највеќето треба да се префрлат во родот трскар (Acrocephalus), или пак тој треба да се раздели на повеќе родови. Неповолно е тоа што засега нема доволно сознанија за тоа како ова би се извело.

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија фамилијата е застапена со три рода: трскар (Acrocephalus), гушанче (Hippolais) и идуна (Iduna).[1]

Од родот на трскарите, присутни се следниве видови: обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus), мал трскар (Acrocephalus schoenobaenus), тенкоклун трскар (Acrocephalus melanopogon) воден трскар (Acrocephalus paludicola), блатен трскар (Acrocephalus palustris) и трскар рогозар (Acrocephalus scirpaceus).

Гушанчињата се застапени со видовите: маслинар (Hippolais olivetorum) и жолто гушанче (Hippolais icterina). Родот идуна е застапен со видот сиво гушанче (Iduna pallida syn. Hippolais pallida).

Род трскар (Acrocephalus)[уреди | уреди извор]

Род идуна (Iduna)[уреди | уреди извор]

Род гушанче (Hippolais)[уреди | уреди извор]

Род жолт трскар (Calamonastides)[уреди | уреди извор]

Род метларче (Nesillas)[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Некритички список на птиците во Македонија - Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  2. порано сместен во родот Chloropeta
  3. видот изумрел околу 1984 г.