Мал трскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мал трскар
Acrocephalus schoenobaenus 1 (Marek Szczepanek)-2.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Род: Acrocephalus
Вид: Мал трскар
Биномен назив
Acrocephalus schoenobaenus
(Linnaeus, 1758)

Малиот трскар (науч. Acrocephalus schoenobaenus) е врапчевидна птица од кладот Sylvioidea (трскари), родот на трскарчињата (Acrocephalus). Тоа е средно голем трскар, со кафеав избразден грб и впечатлива светла линија над окото. Птица преселница е која ја минува Сахара за да дојде до Европа и Азија каде се размножува. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Типично живеалиште на малиот трскар во Белгија

Малиот трскар е долг 11.5-13 см и тежок околу 12 грама.[2] Горните делови од телото му се црвеникавокафеави и избраздени со потемни и посветли линии, а долните делови му се светли, белкавожолти. Над опашката има еднобојна топлокафеава дамка која е во контраст со обичните крилја. Челото му е сплескано и во негова близина е впечатливата белкава линија над окото. Круната му е избраздена со црно, а клунот му е силен и зашилен. Нозете му се сивкави. [3] Половите се исти.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Оваа птица за првпат е опишана од Карл Лине во неговата Systema naturae, 1758 година. Научното име потекнува од старогрчкиот јазик: akros, со значење 'зашилена' и kephale - 'глава'; skhoiniklos ('трски') и baino ('оди').

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Малиот трскар е широко распространет, на околу 10 милиони км² и има голема популација од околу 8.8-15 милиони птици во Европа. [4] Глобалните промени во популацијата не се мерени, но според Црвениот список, класифициран е во вид со најмала загриженост.[5]


Се размножува низ Европа и западна и централна Азија. По размножувањето, таложи масти и се подготвува за миграција преку јужна Европа и Сахара, во август и септември. Истражувањата во Нигерија и Уганда сугерираат дека овие птици зимуваат на истото место година, по година.[6]

За разлика од другите членови на неговата фамилија, малиот трскар поднесува постудени, облачни и влажни климатски услови. Иако најчесто живее во мочуриштата, тој може да се најде и до 500 метри и повеќе, оддалечен од водата.[3]

Однесување[уреди | уреди извор]

Размножување[уреди | уреди извор]

Мал трскар пее

Песната му е разновидна, брза и весела, со милозвучни фрази и некои мимикрии, [3] типични за Acrocephalus, трскари. Составена е од фрази во случаен редослед, така што никогаш не е иста. Мажјаците кои имаат најбогат репертоар, се парат со најмногу женки.[2]

Мажјакот започнува со пеењето само неколку часа по пристигнувањето од преселбата. Пее качен на повисоките трски или гранчиња од грмушките или од дрвјата додека рутински ја прелетува својата територија. Пее и додека лета, изведувајќи ги своите додворувачки акробации што содржат кревање во височина од 2-5 метра, еден круг таму, па бавно спуштање надолу, со крилјата често во форма на "V". Пеењето е во функција на привлекување на женката, а не за чување на територијата и престанува веднаш штом ќе си најде партнерка. Повиците за контакт може да се опишат како чиррр или слични на езерскиот галеб кииррр, ако брзо ги повторува означува повик за тревога.[3]

Мажјаците речиси секогаш се враќаат на истата тероторија за размножување, но женките помалку. Едно истражување од Англија покажало дека третина од мажјаците што се враќаат, се размножуваат на далечина од 50 метри од минатата година, а само 14% се оддалечуваат повеќе од 400 метри.[6] Обично се моногамни, но не строго.[7] Мажјаците понекогаш практикуваат бигамија или промискуитет. Ако јајцата или пилињата се уништени, женката често го напушта мажјакот, кој ќе започне со пеењето за да најде друг партнер.[3]

Мажјакот брани територија од околу 0.1 до 0.2 хектари. Гнездото го гради женката скриено ве вегатцијата на земја, највисоко до 50 см. Тоа има форма на чашка направено од трева, гранчиња и листови, врзани со пајакова мрежа, внатрешноста е направена од цветови од трска, животински влакна и друг мек материјал. Вткаено е меѓу вертикални стебленца. Леглото има 3-5 зеленкавожолти јајца со кафеави дамки.[8] Женката ги лежи 14 дена,[2] а потоа обата родитела се грижат за пилињата, кои се оперјуваат по 13-14 дена. И откако ќе го напуштат гнездото, младенчињата уште 1-2 недели молат за храна.[3]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Мал трскар со храна во клунчето

Пленот на малиот трскар вклучува: еднодневки, водни коњчиња, штурци и скакулци, бубачки, пеперуги, муви и сл. Од растенијата јаде боз и капини.

На крајот на јули, пред миграцијата, се чини дека малите трскари бараат места со голем број растителни вошки, и остануваат таму подолго време пред почетокот на вистинската миграција. Птиците кои наталожиле доволно резерви масти се способни наеднаш да стигнат до зимувалиштата, а полесните птици се принудени да го прекинуваат патувањето неколкупати. Некои птици успеваат да ја удвојат својата тежина пред миграција.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Acrocephalus schoenobaenus. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007598. конс. 16 јули 2012 г.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 R. A. Robinson. „Sedge Warbler“. BirdFacts. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob12430.htm. конс. 1 јануари 2009 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 BWPi: The Birds of the Western Palearctic on interactive DVD-ROM. London: BirdGuides Ltd. and Oxford University Press. 2004. ISBN 1-898110-39-5. 
  4. „Sedge Warbler“. Breeding Birds of the Wider Countryside. British Trust for Ornithology. http://www.gardenbirdwatch.org.uk/birdtrends2005/wcrsedwa.shtml. конс. 1 јануари 2009 г. 
  5. „Sedge Warbler Acrocephalus schoenobaenus. Datazone. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=7598. конс. 1 јануари 2009 г. 
  6. 6,0 6,1 Wernham, C. V.; Toms, M. P., Marchant, J. H., Clark, J. A., Siriwardena, G. M. & Baillie, S. R. (eds). (2002). The Migration Atlas: movements of the birds of Britain and Ireland. London: T. & A.D. Poyser. стр. 544–547. ISBN 0-7136-6514-9. 
  7. Leisler, B.; Wink, M.. Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). „Ethology, Ecology & Evolution“ том  12: 237–249. http://www.uni-heidelberg.de/institute/fak14/ipmb/phazb/pubwink/2000/14.%202000.pdf. 
  8. Vere Benson, S. (1966). The Observer's Book of Birds. London: Frederick Warne & Co. Ltd. стр. 71. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]