Жолто гушанче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолто гушанче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Трскари
Род: Hippolais
Вид: Жолто гушанче
Научен назив
Hippolais icterina
(Vieillot, 1817)

Жолтото гушанче (науч. Hippolais icterina) е мала врапчевидна птица од семејството на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ Европа, со исклучок на југозападот, каде е заменет со неговиот западен пар мелодичниот трскар (Hippolais polyglotta). Оваа птица ја има во Македонија. Таа е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Терминот icterine се однесува на неговата жолтеникава нијанса.

Опис[уреди | уреди извор]

Жолтото гушанче е трскар со средна големина, долг 12 - 13,5 см. Горните делови му се светли, зеленикавокафеави со посветла линија на крилјата, а одоздола е светложолт. Има светла линија над окото. Клунот му е светлопортокалов, силин и остар, а нозете синосиви. Половите се исти, а младенчињата се побледи на стомакот. Песната му е брзо назално брборење во кое се вклучени и имитации на други птици. Повикот може да го опишеме како тик или тик-тик-тик.

Поведение[уреди | уреди извор]

Hippolais icterina

Живеалиштето на оваа птица се отворените листопадни шуми со грмушки, како и парковите и градините, често во близина на вода.

Се храни со инсекти, пајаци, друга ситна храна и бобинки.

Гнездото го прави добро скриено во дрво или грмушки и несе 4-6 јајца.

Статус[уреди | уреди извор]

Во Европа има 3.500.000-7.100.000 пара, или од 10.500.000 до 21.300.000 единки.(BirdLife International 2004). Европската популација сочинува 75-94% од глобалната, па глобалната приближно би изнесувала 11.200.000-28.400.000 единки.[2]. Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Hippolais icterina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. http://www.iucnredlist.org/details/106007636/0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]