Прејди на содржината

Дрозд пејач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрозд пејач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Дроздови
Род: Дрозд
Вид: Дрозд пејач
Научен назив
Turdus philomelos
Brehm, 1831
  • Размножување – жолто
  • Зимување – сино
  • Преку целата година – зелено

Дрозд пејач (науч. Turdus philomelos) — птица од семејството дроздови (Turdidae), распространета во Европа и Азија. Оваа птица e постојан жител во Македонија. Одозгора таа е кафеава, а одоздола кремава со црни точки. Нејзината препознатлива песна која има повторливи музички фрази, често се спомнува во поезијата. Се размножува во шумите, градините и парковите, и е делумно птица преселница во јужна Европа, Северна Африка и Среден Исток. Населена е во Нов Зеланд и Австралија.

Таксономија и систематизација

[уреди | уреди извор]

Дроздот пејач за првпат е опишан од германскиот орнитолог Кристијан Лудвиг Брем во 1831 година, под денешното научно име Turdus philomelos.[2] Има три подвида:

  • T. p. philomelos, номинираниот подвид со најширока распространетост;
  • T. p. hebridensis, (William Eagle Clarke, 1913), претежно седентарна (не е преселничка) во Шкотска. Таа е малку потемна, со темнокафеав грб, сивкав задник, светло кафава позадина на долните делови и сиви слабини[3];
A brown spotted bird standing on the rim of a nest with food for four chicks seen with open gapes
Родител ги храни пилињата во гнездо, Нов Зеланд
  • T. p. clarkei, (Ernst Hartert,1909), се размножува во останатиот дел од Велика Британија и Ирска, како и во Франција, Белгија, Норвешка и веројатно уште по на исток. Има потопли кафеави тонови на горниот дел, маслинест боја задник и богата жолта боја како позадина на долниот дел.[3]

Дроздот пејач е долг 20-23.5 см и тежи 50-107 грама. Половите се слични, со бледо кафеава боја на грбот и кремави или месо боја одоздола, која станува посветла на стомакот, со уредни црни точки. Долниот дел од крилјата им е топла жолта боја, клунот е жолтеникав воосновата и темнокафеав на врвот, а нозете розови.[3]

Во лет

Најслична на оваа птица е лисестиот дрозд (T. iliacus), но тој има сетла линија над окото, црвени слабини и крилата одоздола се црвени, што се гледа во лет.[3]

Повикот му е кратко, остро цип или сип при преселба. Кога е вознемирен испушта чук-чук звук кој станува пократок и поостар со зголемување на опасноста. Песната на мажјакот од дрва, врвови на покриви или други погодни мест за перчење е гласна, јасна мелодија од музички фрази кои се повторуваат 2-4 пати прекинати со иритирачки ноти или разни мимикрии. Обично пее од февруари до јуни.[3] Според тежината, оваа птица има еден од најсилните гласови меѓу птиците.[4]

Еден мажјак може да има репертоар повеќе од 100 фрази,[5] повеќето од нив преземени од родителите или од соседните птици. Мимикријата вклучува подражавање звуци и од човечки апарати, како што е ѕвонење на телефон.[6]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]
Во Нов Зеланд
Номинираниот подвид во Литванија
Младенче во Нов Зеланд

Дроздот пејач се размножува во поголемиот дел од Европа (иако не на Пиринејски Полуостров, низински делови на Италија или јужниот дел на Грција), и преку Украина и Русија речиси до Бајкалско Езеро. Тоа достигнува до 75° северна географска ширина во Норвешка, но само до околу 60° во Сибир. Птиците од Скандинавија, Источна Европа и Русија зимуваат околу Средоземјето, Северна Африка и на Блискиот Исток, а само некои од птиците од поблагите западни делови на опсегот ги напуштат своите области за размножување.[3]

Оваа птица е населена во Нов Зеланд и Австралија меѓу 1860 и 1880 година и набрзо таму го проширила својот опсег.[7] Како доведен вид, таа не е заштитена во Австралија, и може да биде убиена во секое време.[8]

Младенче во Русија

Дроздот пејач гнезди во шуми со грмушки, но во околината да има отворени области. Во западна Европа користи градини и паркови. Се размножува над линијата на шумите до 2.200 метри надморска височина во Швајцарија. Во областите каде интензивно се обработува земјата, градините се важен дел од неговото живеалиште. Зимското живеалиште е слично на она за размножување, само што ги избегнува голите и изложени предели,[9] иако островскиот подвид T. p. hebridensis често може да се види на крајбрежјата зимно време.[3]

Поведение

[уреди | уреди извор]

Дроздот пејач вообичаено не е многу дружељубив, но може да се видат неколку птици во заедничко седало зимно време или слабо поврзани во јато ако има добра средина за хранење. За разлика од некои други дроздови, овој, редовно се враќа на истото место за зимување.[9]

Ова е моногамен, територијален вид, и во областите каде е преселник, мажјакот целосно повторно ја воспоставува својата територија и почнува да пее веднаш штом ќе се врати од преселба. Во потоплите предели, каде птиците не се преселници, мажјакот постојано ја чува својата територија, повремено пеејќи, но женките може да имаат посебна зимска територија до пролетта кога паровите повторно се заедно.[9]

При преселбите дроздот пејач патува претежно ноќе и има силен и директен лет. Летаат во мали и нестабилни јата и го преминуваат морето наеднаш, на долга релација често повикувајќи се, за да не се загубат едни со други.[3] преселбата може да започне доста рано, кон крајот на август, од посеверните делови, но претежно се селат од септември до декември, од појужните. Лоште временски услови можат да предизвикаат селидба појужно. Враќањето варира, од средината на февруари, околу Средоземјето, до мај во северна Шведска и Сибир.[3] Скитници се забележани во Гренланд, на некои атлантски острови и во западна Африка.[3]

Размножување

[уреди | уреди извор]
Три јајца во гнездо

Женката дрозд прави уредно гнездо во облик на чашка обрабено со мов и сува трева, кое го сместува на дрво, позлавец или во случај на подвидот Hebridean, на земја. Таа несе 4-5 сјајни светлосини јајца, кои се малку испрскани со виолетово или црно.[3] Само женката ги лежи јајцата во период од 10 до 17 дена и уште толку им треба на пилињата да се оперјат. Две до три легла годишно се вообичаени, или само едно на север од опсегот.[3]

Во Шкотска
Скршени черупки од полжави, на „наковална“, омилената храна на дроздот

Дроздот пејач е сештојад, јаде широк спектар безрбетници, особено црви и полжави, како и меки овошја и бобинки. Како и сродниот на него, обичен кос, и овој дрозд ја наоѓа својата храна со поглед, со трчи-застани техника на отворена земја, и со превртување на купчиња лисја за да најде храна под нив.[3]

Полжавите се особено важни во исхраната на дроздот пејач и тој има свој омилен камен, кој му служи како наковална од каде ја крши черупката за да го јаде мекото тело. Претходно, секогаш го брише од земјата.[9] Младите птици прво само си играат со полжавите додека не научат како да им ја скршат черупката.[10]

Во Нов Зеланд

Оваа птица има широка распространетост од 10 милиони км² и популација од 40 до 71 милион, само во Европа,[1] па затоа е во категоријата на вид со најмала загриженост.[1]

Односи со луѓето

[уреди | уреди извор]

Карактеристичното пеење на дроздот, со повторливите фрази е опишано од британскиот поет Роберт Браунинг, од 19 век, во песната „Мисли за дома, од туѓина“. Пеењто на оваа птица, исто така, ги инспирирало: британскиот поет Томас Харди[11], Тед Хјуз[12], и Едвард Томас, кој напишал 15 песни за косот и дроздот.

Дроздовите биле ловени за храна уште пред 12.000 години.[13] Ран запис за тоа имаме во Хомеровата Одисеја: „Тогаш, како гулаби или дроздови мавтаат со своите раширени крилја да се спасат од замката во грмушките, кои наместо пријатното гнездо се дочекани од страшниот кревет“."[14] Ловот продолжува и денес, особено на Средоземјето, но се верува дека не е голем фактор во намалувањето на популацијата.[15]

Уште од XIX век, дроздот пејач се чува и како милениче, во кафез, заради неговото мелодично пеење.[16]

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Turdus philomelos. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 5 July 2012.
  2. (германски) Brehm, Christian (1831). Handbuch der Naturgeschichte aller Vogel Deutschlands. стр. 382.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Clement, Peter; Hathway, Ren; Wilczur, Jan (2000). Thrushes (Helm Identification Guides). Christopher Helm Publishers Ltd. стр. 392–395. ISBN 0-7136-3940-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Brackenbury, J. H. (1979). „Power capabilities of the avian sound-producing system“ (PDF). J. Exp. Biology. 78 (1): 163–166.
  5. Devoogd, Timothy J.; John R. Krebs, Susan D. Healy, Andy Purvis (1993). „Relations between Song Repertoire Size and the Volume of Brain Nuclei Related to Song: Comparative Evolutionary Analyses amongst Oscine Birds“. Proceedings: Biological Sciences. 254 (1340): 75–82. doi:10.1098/rspb.1993.0129. PMID 8290611.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Slater, Peter J. B. (1983). „The Buzby phenomenon: Thrushes and telephones“. Animal Behavior. 31: 308–309. doi:10.1016/S0003-3472(83)80204-8.
  7. Heather, B.; Robertson, H. (1996). The Field Guide to the Birds of New Zealand. Auckland: Viking. стр. 384–385. ISBN 0-670-89370-6.
  8. „The State of Our Indigenous Birds“ (PDF). The State of Our Biodiversity – The State of New Zealand’s Environment. Ministry for the Environment, New Zealand. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-24. Посетено на 2008-03-13.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) 1225–1228
  10. Henty, C. J. (1986). „Development of snail-smashing by song thrushes“. British Birds. 79: 277–281.
  11. Stallings, A. E. „The Darkling Thrush: A Centennial Appreciation“. Архивирано од изворникот на 2008-05-19. Посетено на 2008-03-11.
  12. „Thrushes“. Poems by Ted Hughes. Poemhunter. Посетено на 2008-03-11.
  13. Bocheñski, Z.; Tomek, T. (2004). „Bird remains from a rock-shelter in Krucza Skala (Central Poland)“ (PDF). Acta zooologica cracoviensia. 47 (1–2): 27–47. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-07-27. Посетено на 2013-08-14.
  14. Homer; Fagles, Robert (translator) (1997). The Odyssey. New York: Penguin Books. стр. 453. ISBN 0-14-026886-3.
  15. Cocker, Mark; Mabey, Richard (2005). Birds Britannica. London: Chatto & Windus. ISBN 0-7011-6907-9. 355–359
  16. Dyson, C. E. (1889). Bird-Keeping – A Practical Guide for the Management of Singing and Cage Birds. Frederick Warne and co. стр. 51.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]