Сива врана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сива врана
Corvus cornix -perching-8.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Врани
Род: Corvus
Вид: Сива врана
Биномен назив
Corvus cornix
Linnaeus, 1758

Сивата врана (науч. Corvus cornix) е врапчевидна птица од фамилијата на враните (Corvidae). Распространета е низ северна, источна и јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во дел од Блиски Исток. Taa e пепелавосива птица со црна глава, врат, крилја, опашка и слабини, како и црни очи, клун и нозе. Исто како другите врани, таа е сештојад и опортунист во исхраната.

Таксономија и систематика[уреди | уреди извор]

Сива врана во Берлин
Во Египет
Сива врана во лет

Сивата врана е еден од многуте видови за првпат опишани од Linnaeus во неговата Систем на природата под нејзининото сегашно научно име Corvus cornix.[1] Името потекнува од латинското Corvus, „гавран“,[2] и cornix, „врана“.[3] Многу години се сметаше за подвид на црната врана (Corvus corone),[4] и беше позната како Corvus corone cornix, заради сличностите во структурата и навиките.

Сега, сивата врана има четири подвида (кои претходно се сметаа за подвидови на црната врана). Петтиот, Corvus cornix sardonius (Trischitta, 1939) се наоѓа во списокот иако е поделен меѓу C. c. sharpii (најбројна популација), C. c. cornix (Корзиканска популација) и C. c. pallescens (популацијата на Блискиот Исток).

  • C. c. capellanus (P.L. Sclater, 1877), познат како месопотамиска врана, распространет во Ирак и југозападен Иран. Има многу посветлосиво перје, што од далеку изгледа како бело.[5] Веројатно е доволно различен за да се смета за посебен вид.[6]

Опис[уреди | уреди извор]

Освен главата, грлото, крилјата, опашката и слабините кои се црни и сјајни, перјето на оваа птица е пепелавосиво, а темните линии ѝ даваат прошаран изглед. Клунот и нозете ѝ се црни, а очите темнокафеави.

Должината на телото на сивата врана варира од 48 до 52 см, распонот на крилјата е околу 98 см, а тежи просечно 510 грама.[7] Се митари само еднаш, наесен, како и другите врани. Мажјакот е малку поголем, инаку половите се исти. Младенчињата со првото перје се многу поцрни од возрасните. Перјето им е побледо и имаат синкави или сивкави очи и во почетокот црвена уста. Летот ѝ е бавен и тежок, и обично прав.

Оваа птица со своето контрастно сиво-црно перје не може да се помеша со друга, но повикот За снимкава краа  е речиси идентичен со оној на црната врана.[8]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Сивата врана се размножува низ северна и источна Европа, и блиските подвидови во јужна Европа и западна Азија. Каде опсегот со црната врана им се преклопува, во северна Велика Британија, Германија, Данска, северна Италија и Сибир, има многу хибридни форми.

Но, хибридите помалку се адаптираат од чистата форма и ова е една од причините зошто сивата врана е издвоена како посебен вид. [9]

Однесување[уреди | уреди извор]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Барајќи храна во фрлено ѓубре
Гнездо со јајца во урбанизирана средина (Москва)

Сивата врана е сештојад и е постојан „чистач на улици“. Ги крши обвивките на мекотелите и ракчињата, на крајбрежните гребени ги краде јајцата од галебите и кормораните, а и од другите птици кога возрасните се отсутни; се храни со помали цицачи, птици, остатоци од храна и мрши.

Размножување[уреди | уреди извор]

Гнездењето започнува подоцна во постудените предели, како во Русија, на пример, од средината на мај до средината на јуни, или при крајот на февруари во регионот на Персискиот Залив[5] Во потоплите региони тоа се случува во април.[10] Гломазното гнездо го сместуваат на високо дрво, пукнатини на карпи или стари згради и далноводни столбови. Поретко го сместуваат близу или на земја. Го прават од гранчиња, но често ставаат и животински коски и жици, а го постилаат со помеки материјали. Несат 4-6 сини јајца со кафеави точки, кои ги инкубира само женката во период од 17 до 19 дена, а за тоа време мажјакот ја храни.[7] Пилињата се оперјуваат по 32 до 36 дена. Забележано е дека женките чуваат од сопствената храна за пилињата додека инкубираат.[11]

Просечниот животен век не е познат, но оној на црната врана е 4 години.[12] Максимална забележана возраст е 16 години и 9 месеци.[7]

Овој вид е чест домаќин на паразитската кукавица, по страчката. Но, на местата каде страчката ја нема, враната е омилен домаќин.[13]

Сивата врана, како и нејзините роднини, редовно се убивани од земјоделците. Во Ирска, раните осумдесетти биле убиени над 23.000 птици од овој вид.

Статус[уреди | уреди извор]

Во Црвениот список на МСЗП не се разликуваат црната од сивата врана, но двата вида имаат широк опсег од 10 милиони км² и голема популација од 14 до 34 милиони поединци само во Европа. Популацијата не се намалува и се смета за вид со најмала загриженост од изумирање.[7][14]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 105. http://dz1.gdz-cms.de/index.php?id=img&no_cache=1&IDDOC=265100. „C. cinerascens, caplte gula alis caudaque nigris“ 
  2. „Corvus“. Merriam-Webster online. конс. 2008-02-04. 
  3. Simpson DP (1979). Cassell's Latin Dictionary (5 издание). London: Cassell Ltd.. стр. 153. ISBN 0-304-52257-0. 
  4. Vere Benson, S. (1972). The Observer's Book of Birds. London: Frederick Warne & Co. Ltd. ISBN 0-7232-1513-8. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Goodwin D. (1983). Crows of the World. Queensland University Press, St Lucia, Qld. ISBN 0-7022-1015-3. 
  6. Madge, Steve & Burn, Hilary (1994): Crows and jays: a guide to the crows, jays and magpies of the world. A&C Black, London. ISBN 0-7136-3999-7
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Сива врана Corvus cornix [Linnaeus, 1758]“. BTOWeb BirdFacts. British Trust for Ornithology. конс. 2008-02-04. 
  8. Mullarney, Killian; Svensson, Lars, Zetterstrom, Dan; Grant, Peter. (2001). Birds of Europe. Princeton University Press. 336 ISBN 0-691-05054-6
  9. Jones, Steve (1999): Almost Like A Whale: The Origin Of Species Updated. Doubleday, Garden City. ISBN 978-0-385-40985-8
  10. Evans G (1972). Птичји јајца. London: Warne. стр. 18. ISBN 0-7232-0060-2. 
  11. Yom-Tov, Y. (1974) The effect of food and predation on breeding density and success, clutch size and laying date of the crow Corvus corone. J. Anim. Ecol. 43, 479-498
  12. „Carrion Crow Corvus corone [Linnaeus, 1758]“. BTOWeb BirdFacts. British Trust for Ornithology. конс. 2008-02-04. 
  13. Snow & Perrin (1998) 873–4
  14. BirdLife International (2004). Corvus corone. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2006. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 05 May 2006.  (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern

Надворешни врски[уреди | уреди извор]