Средоземен сокол
Средоземен сокол | |
---|---|
Средоземен сокол | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Соколи |
Род: | Сокол |
Вид: | 'Средоземен сокол |
Научен назив | |
Falco eleonorae Gene, 1839 |
Средоземниот сокол (Falco eleonorae) е сокол со средна големина. Научното име го добил според националната хероина од Сардинија, Елеонора од Арбореја.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Средоземниот сокол се сретнува на островите во Средоземјето особено во Грција (таму се наоѓаат 2 третини од светската популација), но исто така и на Канарските Острови, Ибица, Шпанија, Италија, Хрватска, Мароко и Алжир. Овој сокол го има и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Овој сокол е птица-грабливка долга од 36 до 42 см, со распон на крилјата од 87 до 104 см. Градбата му е слична со таа на соколот ластовичар или на сивиот сокол, со неговите долги остри крилја, долгата опашка и тенкото тело. Се сретнуваат во две бои: потемната варијанта е кафеаво, со црни пердуви под крилјата; посветлата варијанта е нешто слично на младите кај соколот ластовичар, само што средоземниот сокол има светложолт горен дел, при што се изразува контрастот помеѓу светложолтата и црната кај крилјата. Младите се слични со младите на соколот ластовичар само поголеми, и со потемни завршетоци и пердуви на крилјата. Цврцорењето на овој сокол е исто како и кај другите соколи и претставува едно кик-кик-кик.
Преселба
[уреди | уреди извор]Оваа птица поминува големи растојанија при преселбата. Презимува на Мадагаскар и други делови од Африка.
Исхрана и размножување
[уреди | уреди извор]Се храни со поголеми инсекти како водното коњче, со коешто се храни фаќајки го во лет. Средоземниот сокол се размножува на крајбрежни карпи, и снесува најмногу 4 јајца. Овој вид се размножува доцна на пролет, подоцна од другите соколи бидејќи е специјален ловец на птици преселнички коишто поминуваат низ Средоземјето во тоа време од годината. Средоземниот сокол нив ги лови во лет, употребувајќи ги неговата брзина и акробатско летање.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Falco eleonorae“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
- Ferguson-Lees, James & Christie, David A. (2001): Raptors of the World. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-618-12762-3
- Helbig, A.J.; Seibold, I.; Bednarek, W.; Brüning, H.; Gaucher, P.; Ristow, D.; Scharlau, W.; Schmidl, D. & Wink, Michael (1994): Phylogenetic relationships among falcon species (genus Falco) according to DNA sequence variation of the cytochrome b gene. In: Meyburg, B.-U. & Chancellor, R.D. (eds.): Raptor conservation today: 593-599. PDF fulltext
- LÓPEZ-LÓPEZ, P., LIMIÑANA, R. & URIOS, V. 2009: Autumn migration of Eleonora’s falcon Falco eleonorae tracked by satellite telemetry Zoological Studies 48(4)
- Walter, Hartmut (1979): Eleonora's Falcon: Adaptations to Prey and Habitat in a Social Raptor. University Of Chicago Press Wildlife Behavior and Ecology series, Chicago. ISBN 0-226-87229-7
- Wink, Michael; Seibold, I.; Lotfikhah, F. & Bednarek, W. (1998): Molecular systematics of holarctic raptors (Order Falconiformes). In: Chancellor, R.D., Meyburg, B.-U. & Ferrero, J.J. (eds.): Holarctic Birds of Prey: 29-48. Adenex & WWGBP. PDF fulltext
|
(англиски)