Патка крецка

Од Википедија — слободната енциклопедија
  1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"
Патка крецка
Мажјак.
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Anatidae
Потсемејство: Anatinae
Род: Anas
Вид: A. querquedula
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научен назив
Anas querquedula
(Linnaeus, 1758)
Spatula querquedula

Патката крецка[1] (Anas querquedula) е релативно мал претставник од фамилијата патки (Anatidae), од редот гусковидни.

Физички опис[уреди | уреди извор]

  • Тежи меѓу 350 и 500 g;
  • Распон на крилја околу 63 cm;
  • Изразен полов диморфизам;
  • Брзо лета, лесно слетува на водата и речиси бесшумно полетува остро и вертикално;
  • Мажјакот се огласува со карактеристичен звук, како од дрвена нишалка: „крр, крр“;

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Релативно широко распространета во Европа, западна и југоисточна Азија, достигнувајќи до Маријанските Острови. Случаен посетител во Северна Америка. Се среќава и во Македонија. Пребива во густо обраснати со водна вегетација водни басени и ги избегнува планинските области.

Начин на живот и исхрана[уреди | уреди извор]

Се храни првенствено со животинска храна, при што главен дел во менито и заземаат различните видови на мекотели.

Размножување[уреди | уреди извор]

Гнездото го гради на суво место, скриено од грмушки или висока трева. Снесува од 7 до 12 валкано бели до жолтеникаво-кафеави јајца. Инкубацијата трае 23 денови и се остварува само од женката. Младите се испилуваат доволно развиени за самостојно да се движат и исхрануваат.

Наводи[уреди | уреди извор]