Обична зеленушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обична зеленушка
Мажјак горе, женка долу
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ѕвингалки
Род: Carduelis
Вид: Обична зеленушка
Биномен назив
Carduelis chloris
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Chloris chloris

Јајца

Обичната зеленушка или само зеленушка (науч. Carduelis chloris) е мала врапчевидна птица од фамилијата на ѕвингалките (Fringillidae). Родот Carduelis би можел да се подели, и во тој случај зеленушките би влегле повторно во својот стар род Chloris.

Птицата е распространета низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Претежно е постојан жител, но некои популации од северните делови мигрираат на југ. Оваа птица ја има во Македонија. Била населена во Австралија и Нов Зеланд, а во Малта се смета за престижна песнопојна птица која е припитомена и се чува од многу малтежани.

Chloris доаѓа од старогрчкото Khloros со значење на зелено или жолтозелено.[2]

Опис[уреди]

Обичната зеленушка е долга 15 см и има распон на крилјата 24.5-27.5 см. Слична е по форма и големина на градското врапче,[3] но е претежно зелено, со жолто на крилјата и опашката. Женките и младенчињата се побледи и имаат кафеавкави тонови на грбот. Клунот му е дебел и конусен. Пеењето се состои од чрчорење и чуруликање, а мажјакот изведува „пеперуга“ лет при претставувањето во сезоната на парење.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на оваа птица се рабовите од шумите, живите огради меѓу нивите и градините со вегетација.

Гнездото го прават во дрвјата или грмушките и несат 3-8 јајца.

Вон сезоната на парење овој вид формира големи јата, понекогаш и со други видови. Се храни претежно со семиња и бобинки.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2004). Carduelis chloris. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 2008-06-02 (англиски)
  2. Jobling, James A (1991). „A Dictionary of Scientific Bird Names“. OUP. ISBN 0-19-854634-3. 
  3. „The Birds of the Western Palearctic [Abridged]“. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X. 

Надворешни врски[уреди]