Црвенонога тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвенонога тринга
Со перје во сезона на парење
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Црвенонога тринга
Биномен назив
Tringa totanus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Totanus totanus (Linnaeus, 1758)

Црвеноногата тринга (науч. Tringa totanus) е евроазиска крајбрежна птица од големата фамилија на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Ја има и во Македонија.

Со перје вон сезона на парење

Опис[уреди]

Во лет
Две црвеноноги тринги на бетонски столб

Перјето на црвеноногата тринга во сезона на парење е мраморно кафеаво, со црни и сиви дамки и малку посветло одоздола. Зимно време, пак, перјето е посветло, сиво-кафеаво одозгора и речиси бело одоздола. Во лет имаат бели ленти на грбот и на краевите од крилјата. Нозете им се црвени, а клунот црвен со црн врв. Должината на возрасната птица достигнува до 30 см, со распон на крилјата од 65 см, и тежина до 170 г. Животниот век на оваа птица е околу 17 години.

На почетокот од пролетта започнува додворувањето уште за време на летот, при што мажјаците пеат многу мелодично. Во другото време песната им е убаво тју-ли, тју-ли, те-лиее.

Живеалиште и однесување[уреди]

Оваа птица е широко распространета во умерена Евроазија. Таа е птица преселница што зимува на бреговите околу Медитеранот, Атлантикот и во јужна Азија. Тие ретко заскитуваат, но им се случува, како на пример, во 1970-тите и во 2000 година во Палау, Микронезија[2]. Црвеноногата тринга е многу бучна и со своето гласно пипикање ќе ги растревожи и сите останати.

Црвеноногата тринга се исхранува со разни без’рбетници: инсекти (водни инсекти, бубачки, ларви, муви), мекотели, црви, мали риби и полноглавци. Гнездата ги прават било каде на влажни места, од влажни ливади до солени мочуришта, често и многу густо едни до други. Несат 3-5 јајца.

Статус[уреди]

Поради широката распространетост и бројност на видот, спаѓаат во категоријата на најмала загриженост[3]. За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]

  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI:10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext
  • Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004): New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003. Micronesica 37(1): 69-96. HTML abstract

Надворешни врски[уреди]

  Redshank“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.