Градска ластовичка
Градска ластовичка | |
---|---|
![]() | |
Летајќи над Исланд каде гнезди само повремено | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Ластовици |
Род: | Delichon |
Вид: | Градска ластовичка |
Биномен назив | |
Delichon urbicum (Карл Лине, 1758) | |
![]() | |
жолто - лето сино - зима | |
Синоними | |
Hirundo urbica Linnaeus, 1758 |
Градската ластовичка (Delichon urbicum), е птица преселница, која се размножува во Европа, северна Африка и умерените делови на Азија; а зимува во Сахара, Африка и тропските делови на Азија. Mоже да се најде и во природата и блиску до населените места. Ја има и во Македонија.
Опис[уреди | уреди извор]
Возрасна градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови. Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темноцрни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Оваа ластовица е гласна птица, особено кога се пари.
Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]
Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2,200м. Додека мигрира, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе.[2] Миграцијата си носи и свои опасности; во 1974, неколку стотини илјади ластовички биле најдени мртви или пред умирање на Алпите и околните делови, поради тешките налети на снег и ниските температури. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.
Однесување[уреди | уреди извор]
Размножување[уреди | уреди извор]
Градската латовичка првично се гнездела во пештери и гребени; и некои колонии кои се гнездат во гребени сè уште постојат, и го градат гнездото под висечка карпа. Денес, овие ластовички најчесто прават гнезда на објекти изградени од луѓето, како што се мостовите и куќите. За разлика од селската ластовичка, градската ластовичка повеќе ги користи надворешните делови од населените објекти, отколку внатрешноста на штали и амбари. Гнездото е во вид на затворена шолја, фиксирана на греда, со тесен отвор на врвот. Се гради од страна на двата пола со кал и пелети коишто ги вградуваат со помош на клуновите, и покриена со трева, или друг мек материјал. Калта ја собираат од вирови, бари или потоци. Оваа ластовичка се размножува колонијално, и гнездата многу често им се блиски едно до друго. Многу е честа групата од помалку од 10 гнезда, но има и колонии кои направиле рекорд од илјадници гнезда. Најчесто се снесуваат 4-5 јајца, со просечни димензии 1.9x1.7 см, и тежат 1.7 гр. Инкубацијата трае 14-16 дена. Новородените пилиња не се способни да се грижат за себе, но по 22-23 дена, зависи од времето тие стануваат независни и го напуштаат гнездото. Овие ластовички најчесто имаат по 2 легла годишно, и првото легло се поправа и употребува одново и одново.
Исхрана[уреди | уреди извор]
Исхраната на градската ластовичка е слична со исхраната на другите ластовички и се состои најчесто од инсекти кои ги фаќа при летање. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото.
Ластовицата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Ластовицата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Змијата и ластовицата“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ BirdLife International (2012). „Delichon urbicum“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Kube, Jan; Kjellén Nils; Bellebaum, Jochen; Klein, Ronald; Wendeln, Helmut: "How many diurnal migrants cross the Baltic Sea at night? Архивирано на 9 декември 2008 г." Instituts für Vogelforschung Poster.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 11.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Градска ластовичка“ на Ризницата ? |
![]() |
„Delichon urbica“ на Викивидовите ? |
- House Martin videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection
- (Common) House Martin – Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Ageing and sexing (PDF; 1.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 26 декември 2011 г.
|