Сиво муварче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сиво муварче
Muscicapa striata 1 (Martin Mecnarowski).jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Muscicapa
Вид: Сиво муварче
Биномен назив
Muscicapa striata
(Pallas, 1764)

Сивото муварче (науч. Muscicapa striata) е мала врапчевидна птица од фамилијата на муварчињата. Се размножува низ цела Европа (вклучувајќи ја и Македонија) и западна Азија, и е птица преселница, која зимува во Африка и југозападна Азија. Нејзиниот број опаѓа во делови од опсегот.

Опис[уреди | уреди извор]

Младенче, со карактеристични точки, брзо по напуштањето на гнездото
Гнездо со јајца
Гнездо со пилиња

Сивото муварче има невпечатлив изглед со долги крилја и опашка. Возрасните имаат сивокафеави горни делови и белкави долни делови, со некои прошарувања на градите. Нозете им се кратки и црни, а клунот им е типичен за птиците што ловат инсекти во лет, широк и заострен на врвот. Младенчињата се покафеави од возрасните и имаат точки на горните делови од телото (оттаму во англискиот оваа птица се вика „точкасто муварче“).

Однесување[уреди | уреди извор]

Сивото муварче лови, стоејќи карактеристично исправено, од впечатливо место за перчење, правејќи смел лет веднаш штом ќе го забележи инсектот да прелета. Често, по ловот, повторно се враќа на истото забележливо место.

Оваа птица покажува нетипично митарење, менувајќи ги примарните и некои од секундарните пердуви по обратен редослед што е вообичаен за повеќето врапчевидни птици.[2]

Огласувањето на муварчињата е тенко, развлечено и меко, со многу висок тон цццииииииииииииииип, кое на крајот малку опаѓа.

Размножување[уреди | уреди извор]

Животната средина на сивото муварче се листопадните шуми, парковите и градините, со простор меѓу дрвјата. Градат отворено гнездо на соодветно место на дрвото или на ѕид, и ги прифаќаат куќичките за птици што имаат отвор однапред.

Несат 4-6 јајца.

Интересно, повеќето видови европски птици, не прават разлика меѓу сопствените и јајцата на другите видови. Но, исклучок се птиците кои биле домаќини на кукавицата, и кои ја развиле вештината на препознавање и заштита од ваквите гнездови паразити. Сивото муварче развило одличен инстинкт за препознавање на туѓите јајца, па овој некогашен чест домаќин на кукавичјите јајца, повеќе воопшто не е жртва на натрапникот.[3] За разлика од него обичното попче, кое најверојатно е домаќин од неодамна, не покажува никакво распознавање на јајцата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Muscicapa striata. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. Jenni, Lukas; Raffael Winkler and Thomas Degen (1994). Moult and ageing of European passerines. London, San Diego: Academic Press. ISBN 0-123-84150-X. 
  3. N.B. Davies, M. de L. Brooke (1 февруари 1989 г). An Experimental Study of Co-Evolution Between the Cuckoo, Cuculus canorus, and its Hosts. I. Host Egg Discriminatione. „Journal of Animal Ecology“ том  58: 207–224. http://www.jstor.org/pss/4995. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bradshaw, C., P. J. Jepson and N. J. Lindsey. (1991) Identification of brown flycatchers British Birds 84(12):527-542
  • Alström, Per & Erik Hirschfeld (1991) Field identification of Brown, Siberian and Grey-streaked Flycatchers Birding World 4(8):271-278

Надворешни врски[уреди | уреди извор]