Прејди на содржината

Билбилче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Билбилче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ѕвингалки
Род: Carduelis
Вид: Билбилче
Научен назив
Carduelis carduelis
(Linnaeus,1758)
Carduelis carduelis carduelis
1 лето 2 цела година
Carduelis carduelis caniceps
3 лето 4 цела година

Билбилче или трнарче, каденче (Carduelis carduelis) — мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките. Го има и во Македонија.

Таксономија и систематизација

[уреди | уреди извор]

Овој вид се дели во две големи групи кои содржат по неколку раси.

Carduelis carduelis carduelis група
Carduelis carduelis caniceps група
  • Carduelis carduelis caniceps јужниот дел на Средна Азија;
  • Carduelis carduelis paropanisi Авганистан до западните Хималаи и Тјеншан;
  • Carduelis carduelis subulata јужниот дел на централен Сибир.

Карл Лине ја класифицирал птицата како Fringilla carduelis.

Филогенијата сме ја добиле од Антонио Арнаиз-Вилена.[2][3][4][5][6][7][8]

Просечното билбилче е долго 12-13 см, со распон на крилјата од 21-25 см и тежина од 14 до 19 грама. Половите се во голема мерка слични, со црвено лице, црна и бела глава, топла кафеава боја на горните делови, бели одоздола, со окер делови на слабините и градите, и црни и жолти крилја. Мажјаците имаат малку потемна црвена маска на лицето која се протега веднаш зад окото, а кај женките таа не допира до окото. Клунот е со боја на слонова коска, долг и заострен, а опашката е чаталеста. Возрасните во сезона на размножување имаат бел клун, а сивкава или црна точка на врвот во останатиот дел од годината. Младенчињата имаат обична глава и сивкав грб, но се непогрешливи поради жолтите шари на крилјата. Птиците во Средна Азија (caniceps групата) имаат обиченна светла глава зад црвеното лице, без црно и бело на главата како европските и западноазиските птици.[9][10]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Природната распространетост на птицата е Европа, Северна Африка, и западна и средна Азија. Се среќава во отворена, делумно пошумена земја и е постојан жител во поблагите делови, западно од својот опсег, но се доселува таму од постудените региони. Може да се случи да направи локални движења за да избегне лоши временски услови. Од Европа, билбилчето е населено во многу области на светот.[11] Во 19 век е воведен во многу области на југоисточна Австралија и веднаш се одомаќинил и проширил.[12]

Поведение

[уреди | уреди извор]
Гнездо со јајца

Оваа птица најмногу сака да јаде мали семиња од разни трње, но се храни и со инсекти кога ги одгледува младенчињата. Јаде од понудената храна од луѓето преку зима.

Гнезди во надворешните гранки на високите лиснати дрвја, или дури и во бамбус, каде снесува 5-6 јајца, што ќе се изведат по 11-14 дена.

Во зима, се собираат во групи формирајќи јато кое брои над 40 птици.

Песната на билбилчето е пријатно нежно чрчорење. Повикот е мелодично тикеЛИТ и песната е пријатен ѕвонлив сплет на треперења и чрчорења, но секогаш вклучувајќи ја и трисилабичната фраза или тиЛИТ-тиЛИТ-тиЛИТ.

Во минатото овие птици ги чувале во кафез заради нивното пеење. Бегањето од заробеништво, како и намерното пуштање доведе до колонизација на југоисточниот дел на Австралија и Нов Зеланд.

Овие птици се привлечени во дворовите на куќите во Европа и Северна Америка од хранилките за птици во кои ставаат висококвалетни, хранливи семиња.

Односи со луѓето

[уреди | уреди извор]
Carduelis carduelis caniceps во кафез

Билбилчињата се чуваат во кафез заради нивниот убав изглед и пријатно пеење. Понекогаш луѓето мажјакот го вкрстуваат со женка од семејството на канаринците за да направат птица со најубави пејачки способности.

Богородица Билбилска од Рафаел, (1505-1506)

Бидејќи ги јаде семињата од трњето, во христијанската симболика тој е поврзан со круната од трње на Исус Христос. Билбилчето се појавува на слики со Богородица и младиот Исус, претставувајќи го како презнаењето што го имале тие за распнувањето. Таква е сликата на Рафаел Madonna del cardellino или Богородица Билбилска, насликана 1505-1506 г. во која Јован Крстител му го подава билбилчето на Исус како предупредување за неговата иднина.

Во сликата на Федерико Барочи Светото семејство, билбилчето го држи Јован Крстител надвор од дофатот на заинтересираната мачка.

Во сликата, пак, на Чима да Конелијано Мадона и дете, билбилчето мавта во раката на детето Христос. Билбилчето, исто така, симболизира издржливост, плодност и упорност. Затоа што тоа симболизира страст, се смета за "спасител" и може да се наслика со мува (која означува грев и болест).[13] Билбилчето се поврзува и со свети Јероним (преведувачот на Библијата од 4 век), и се појавува во некои негови претстави.[13]

Антонио Вивалди компонирал концерт во д-дур за флејта "Il Gardellino" (Р.В. 428, Оп 10 бр 3), каде што појот на билбилчето се имитира од страна на флејтата.

Билбилчето како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. BirdLife International (2012). Carduelis carduelis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Zamora, J; Moscoso J, Ruiz-del-Valle V, Ernesto L, Serrano-Vela JI, Ira-Cachafeiro J, Arnaiz-Villena A (2006). „Conjoint mitochondrial phylogenetic trees for canaries Serinus spp. and goldfinches Carduelis spp. show several specific polytomies“ (PDF). Ardeola. 53 (1): 1–17.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Arnaiz-Villena, Antonio; Alvarez-Tejado M., Ruiz-del-Valle V., García-de-la-Torre C., Varela P, Recio M. J., Ferre S., Martinez-Laso J. (1998). „Phylogeny and rapid Northern and Southern Hemisphere speciation of goldfinches during the Miocene and Pliocene Epochs“ (PDF). Cell.Mol.Life.Sci. 54 (9): 1031–41. doi:10.1007/s000180050230. PMID 9791543. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-21. Посетено на 2013-05-31.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Arnaiz-Villena, A; Gómez-Prieto P, Ruiz-de-Valle V (2009). „Phylogeography of finches and sparrows“. Nova Science Publishers. ISBN 978-1-60741-844-3. Архивирано од изворникот на 2013-11-03. Посетено на 2013-05-31.
  5. Zamora, Jorge; Lowy E, Ruiz-del-Valle V, Moscoso J, Serrano-Vela JI, Rivero-de-Aguilar J, Arnaiz-Villena A (2006). „Rhodopechys obsoleta (desert finch): a pale ancestor of greenfinches according to molecular phylogeny“. J Ornithol. 147 (3): 448–56. doi:10.1007/s10336-005-0036-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Arnaiz-Villena, A.; Moscoso, J.; Ruiz-del-Valle, V.; Gonzalez, J.; Reguera, R.; Wink, M.; and Serrano-Vela, J. I. (2007). „Bayesian phylogeny of Fringillidae birds: status of the singular African oriole finch Linurgus olivaceus and evolution and heterogeneity of the genus Carpodacus (PDF). Acta Zoologica Sinica. 53 (5): 826–834. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-04. Посетено на 14 December 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Arnaiz-Villena, A; Moscoso J, Ruiz-del-Valle V, González J, Reguera R, Ferri A, Wink M, Serrano-Vale JI (2008). „Mitochondrial DNA Phylogenetic Definition of a Group'of "Arid-Zone" Carduelini Finches“ (PDF). The Open Ornithology Journal. 1: 1–7. doi:10.2174/1874453200801010001. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-04. Посетено на 2013-05-31.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Arnaiz-Villena A, Ruiz-del-Valle V, Moscoso J, Serrano Vela JI, Zamora J. (2007). „mtDNA phylogeography of North American Carduelis pinus group of birds“ (PDF). Ardeola. 54: 1–14. Посетено на 20 July 2010.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Clement, P., Harris, A., & Davis, J. (1993). Finches & Sparrows. Christopher Helm. ISBN 0-7136-8017-2.
  10. Svensson, L. (1992). Identification Guide to European Passerines. ISBN 91-630-1118-2.
  11. Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic concise ed. Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X.
  12. http://www.birdlife.org.au/bird-profile/european-goldfinch Birdlife.org.au
  13. 13,0 13,1 Werness, Hope B. (2007). Animal Symbolism in World Art. Continuum. ISBN 0-8264-1913-5.
  14. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 74.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]