Обичен галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обичен галеб
Возрасен обичен галеб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Дождосвирни
Семејство: Галеби
Род: Larus
Вид: L. canus
Научен назив
Larus canus
Linnaeus, 1758

Обичниот галеб (науч. Larus canus) — вид птица од семејството галеби (Laridae). Го има во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасниот обичен галеб личи на трипрстиот галеб. Расте до 43 см и достигнува распон на крилјата од околу 120 см. Тежок е меѓу 300 и 350 гр. Пердувите му се бели, а горната страна на крилјата им е обоена во сиво. Врвовите на крилјата им се црно-бели, додека клунот и нозете, зеленкасто жолти. Младите птици дури во третата година ги добиваат тие бои. Пердувите на мажјаците и женките не се разликуваат. Обичниот галеб може да доживее до 25 години. Огласувањето им звучи како „киеее“ или „киааа“.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Обичните галеби најчесто живеат на бреговите на морињата, а само ретко можат да се видат на бреговите на слатките води. Распространети се во Северна Европа и Средна Европа. Некои обични галеби ја поминуваат зимата покрај вода, или се селат во Јужна Европа сè до брегот на Северна Африка.

Штотуку изведено пиле на обичен галеб
Larus canus canus

Исхрана[уреди | уреди извор]

Обичните галеби се хранат со риби. Покрај рибите, јадат и црви, инсекти, делови од растенија и отпадоци. Како и другите галеби, доѓаат на зелени површини и полиња, и јадат сè што е хранливо.

Размножување[уреди | уреди извор]

Половата зрелост настапува околу третата година. Времето на размножување кај обичните галеби е од мај до јули. Обичните галеби се вгнездуваат во колонии. Гнездото го прават на сува земја со мала вегетација, за родителите да имаат отворен поглед на околината. Растојанието од гнездо до гнездо е меѓу 5 и 20 метри. Женката најчесто снесува 3 јајца во гнездото направено од растенија. Родителите лежат на јајцата 23 до 28 дена, додека да излезат малите галеби. За време од четири до пет недели од изведувањето, галебите можат да летаат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Larus canus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 мај 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]