Море
Море — водна повшина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останати водни површини еднакви или слични по физичките и хемиските својства. Морињата припаѓаат на четири океана: Атлантски, Индиски, Тихи и Северноледен. Морињата можат да бидат средоземни (помеѓу континентите), внатрешни (во континентите), рабни (кои ги следат рабовите на континентите) и затворени (самостојни и неповрзани целини). Најголемиот број на мориња припаѓаат на рабната група.
Список на морињата поделени по океани
[уреди | уреди извор]- Берингово Море
- Алјаски Залив
- Калифорниски Залив (или Кортесово Море)
- Охотско Море
- Јапонско Море
- Источнокинеско Море
- Јужнокинеско Море
- Сулуско Море
- Целебеско Море
- Бохолско Море
- Филипинско Море
- Флореско Море
- Бандско Море
- Арафурско Море
- Тиморско Море
- Тасманово Море
- Жолто Море
- Корално Море
- Карпентариски Залив
- Росово Море
- залив Свети Лаврентиј
- Карипско Море
- Мексикански Залив
- Саргасово Море
- Северно Море
- Ирско Море
- Келтско Море
- Средоземно Море
- Бискајски Залив
- Гвинејски Залив
- Ваденово Море
- Црвено Море
- Аденски Залив
- Персиски Залив
- Омански Залив
- Арапско Море
- Бенгалски Залив
- Тајландски Залив
- Јаванско Море
- Голем Австралиски Залив
- Залив Свети Винсент
- Залив Спенсер
- Андаманско Море
Затворени мориња
[уреди | уреди извор]Вонземски мориња
[уреди | уреди извор]Месечево Море е огромна базалтна рамнина на Месечината кое старите астрономи ја сметале за море од водена маса, па затоа и ја нарекле море.
Се претпоставува дека има течна вода под површината на некој од сателитите од кој е најзначајна Европа.
Наука
[уреди | уреди извор]Поимот „море“ се користи и во квантната физика. Дираково море кое е толкување за негативната енергија која ја содржи вакуумот.
Морето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Морето се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Морето како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Две мориња“ — краток расказ на македонскиот писател Стефан Алијевиќ.[1]
- „На море“ (српски: На мору) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1921 година.[2]
- „На море“ (српски: На мору) - песна на во Андриќ од 1922 година.[3]
- „Три морски волка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Морето и боите“ — песна за деца на Григор Витез.[5]
- „Тишина на море“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Возење по морето“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[7]
- „Море“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[8]
- „Крвта и морето“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[9]
- „Мрачното море“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[10]
- „Аџија на море“ - роман на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1962 година.[11]
- „Балада за морската вода“ (шпански: La balada del aaqua dela mar) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1919 година.[12]
- „Два морнара на брегот“ (шпански: Dos marinos en la orilla) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[13]
- „Море“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[14]
- „Море за работници“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[15]
- „Зад морето“ (српски: Iza mora)- песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[16]
- „Се разбранува морето“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[17]
- „Птицата, морето детето...“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[18]
- „На морето“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[19]
- „Живото и мртвото море“ - збирка раскази на полскиот писател Адолф Рудницки од 1953 година.[20]
- „Море“ - песна на рускиот поет Дмитриј Соколов.[21]
- „Поздрав на морето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[22]
- „Морска привид“ - песна на ајнрих Хајне.[23]
Морето како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Одиме на море“ (Pojedeme k moři) - чешки филм од 2014 година, во режија на Јиржи Мадл.[24]
Морето како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Море“ (француски: La Mer) - оркестарска композиција на францускиот композитор Клод Дебиси (Claude Debussy).[25]
- „Кортесово Море“ (англиски: Sea Of Cortez) — песна на американската рок-група Green On Red од 1985 година.[26]
- „Виновно е морето“ (српскохрватски: Krivo je more) - песна на југословенската рок-група Дивље јагоде (Divlje Jagode) од 1978 година.[27]
- „Море“ — песна на српската рок-група YU Grupa од 1973 година.[28]
- „Море бр. 2“ (More No. 2) — песна на YU Grupa од 1974 година.[29]
- „Морско чудовиште“ (англиски: Seabeast) - песна на американската хеви-метал група Мастодон (Mastodon) од 2004 година.[30]
- „Корално Море“ (англиски: The Choral Sea) - песна на новозеландската рок-група Сплит енз (Split enz) од 1980 година.[31]
- „Стоејќи крај морето“ (англиски: Standing By The Sea) - песна на американската хардкор панк група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1984 година.[32]
- „Крај морето“ (англиски: Down at the sea) - песна на американската рок-група Бит хепенинг (Beat Happening) од 1985 година.[33]
- „Длабоко сино море“ (англиски: Deep Blue Sea) - песна на американскиот блуз музичар Џон Ли Хукер (John Lee Hooker) од 1995 година.[34]
- „Во авионот над морето“ (англиски: In The Aeroplane Over The Sea) - албум на американска рок-група Њутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[35]
- „О, море, голтни ме!“ - песна на македонската музичка група Анастасија од 1998 година.[36]
- „Море“ - песна на хрватската поп-пејачка Мери Цетиниќ од 2001 година.[37]
- „Малку море на мојата дланка“ (хрватски: Malo mora na mom dlanu) - песна на хрватската поп-пејачка Мери Цетиниќ.[38]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 343.
- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 203.
- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 205.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 18.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 64.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 97.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 26-27.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 74.
- ↑ Italo Kalvino, Kosmikomike: stare i nove. Beograd: Paidea, 2008, стр. 220-228.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 55-57.
- ↑ Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда. Битола: НИД „Микена“, 2010.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 9-10.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 83.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 34.
- ↑ Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 79.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 45-46.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 77.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 36.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 97-98.
- ↑ Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, Zlatni prozori. Beograd: Rad, 1961, стр. 124.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 279.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 69-70.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 65-67.
- ↑ Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 20.
- ↑ YouTube, Claude Debussy - La Mer (пристапено на 22.1.2017)
- ↑ DISCOGS, Green On Red – Gas Food Lodging(пристапено на 6.11.2022)
- ↑ YouTube, Divlje Jagode - Krivo je more (пристапено на 12.12.2017)
- ↑ YouTube, YU Grupa – YU Grupa (1973) (пристапено на 23.11.2022)
- ↑ Discogs, YU Grupa – Kako To Da Svaki Dan? (пристапено на 6.1.2023)
- ↑ Discogs, Mastodon – Leviathan (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ YouTube, Split Enz-True Colours (Full Album) 1980 (пристапено на 6.6.2017)
- ↑ DISCOGS, Hüsker Dü – Zen Arcade (пристапено на 3.12.2020)
- ↑ YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017)
- ↑ Discogs, John Lee Hooker – Chill Out (пристапено на 26.11.2020)
- ↑ Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017)
- ↑ DISCOGS Anastasia (3) – Nocturnal (пристапено на 10.6.2018)
- ↑ Meri Cetinic - More (sea) - YouTube (пристапено на 3.12.2017)
- ↑ YouTube, Meri Cetinić - Malo mora na mom dlanu (пристапено на 3.12.2017)
|