Шпанско врапче
Шпанско врапче | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врапчиња |
Род: | Passer |
Вид: | Шпанско врапче |
Научен назив | |
Passer hispaniolensis (Temminck, 1820) |
Шпанското врапче (науч. Passer hispaniolensis) е врапчевидна птица од семејството на врапчињата (Passeridae). Распространето е низ Средоземјето и Југозападна и Средна Азија. Го има и во Македонија. Многу е слично на блиското градско врапче, а двата вида ја покажуваат нивната релација во биолошкото соединување на хибридизацијата во средоземниот регион, што ја усложнува таксономијата на овој вид.
Опис
[уреди | уреди извор]Шпанското врапче е поголемко врапче, со должина од 15 до 16 см и тежина од 22 до 36 грама. Малку е поголемо и потешко од градското врапче, а исто така, има малку подолг и подебел клун. Мажјакот е сличен на градското врапче во перјето, но се разликува во долните делови кои се повеќе избразденопрошарани со црно, со покостенливата, а не сива круна, и повеќе бели отколку сиви образи.[2][3][4][5] Женките уште помалку се разликуваат од градските врапчиња. Тие се целите сивокафеави, со подебели шарки, имаат светли линии од страните, кремава линија над окото и широки кремави линии на грбот.
И во огласувањето овие птици се слични со градското врапче. Вокализацијата на мажјакот во нешто се разликува кога тој се покажува крај гнездото. Тоа е пар остри двосложни чрчори, слични на градското врапче, но погласни и повисоки, кои може да ги опишеме како чвиинг-чвиинг, чиила-чиили. Сличен повик, но помек цчилп, се користи кога птиците пристигнуваат во местата за спиење.[6]
Систематизација
[уреди | уреди извор]Има два подвида: западниот, номинираниот подвид hispaniolensis, и источниот transcaspicus, опишан од австрискиот орнитолог Шмитхофен (Viktor von Tschusi zu Schmidhoffen), 1902 година. Птиците во Мала Азија и Кипар се сметаат за подвидот P. h. transcaspicus, но птиците што се уште понаисток се некој меѓуподвид.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Шпанското врапче е распространето низ Средоземјето, Макаронезија и југозападно до Средна Азија. Неговиот опсег се прошири во изминативе два века, на Балканот, каде од 1950 го има постојано;[7] и во Макаронезија, каде проширувањето се препишува на населување со патување со брод, но поверојатно е дека се работи за природно проширување со скитништво на миграциските птици.[8] Со скитништво стигнало и до Шкотска и Норвешка.
Во поголемиот дел од својот опсег, шпанското врапче се јавува заедно со градското. Во таквите области, двата вида се размножуваат во обработливите земјишта и отворените шумски предели, со тоа што шпанското претпочита повлажни, мочурливи живеалишта. Во областите каде нема градски врапчиња, шпанските може да живеат во урбаните средини, како на Канарските Острови, Мадејра и некои средоземни острови. Во неколку урбани области, како што се оние во источна Сардинија, примарен вид врапче е селското.[9]
Поведение
[уреди | уреди извор]Шпанско врапче никогаш не е само, тоа е секогаш во јато, и кога се храни и кога се размножува. Зимно време, или талкаат номадски или имаат регуларна преселба.[10]
Малку е познато за начинот на преживување, но најдолгиот животн век кој е забележан е 11 години.[6][11][12]
Исхрана
[уреди | уреди извор]Како и другите врапчиња, и ова се храни претежно со семиња од житни и други тревки, исто така, јадат лисја, овошје и други растителни материјали. Младите птици се хранат претежно со инсекти, а и возрасните, исто така, за време и пред сезоната на парење.[13][14][15] При ловот на инсекти е опортунист, хранејќи се со било кој инсект кој е достапен.
Размножување
[уреди | уреди извор]Шпанските врапчиња гнездат во големи, густи колонии, па дури делат исти гнезда. Обично се сместени во дрвја или грмушки, под гранки или под големи гнезда, како тоа на штркот. Мажјаците повеќе време поминуваат при изградбата на гнездото од женките. Колонијата може да има од 10, па до 100 и 1.000 пара.[16] Секој пар има 3–8 јајца, кои се инкубираат 12 дена, а пилињата се оперјуваат по околу 14 дена.[17]
Статус
[уреди | уреди извор]Европската популација на овој вид изнесува меѓу 2,800,000 и 6,200,000 пара, или 8,400,000–18,600,000 поединци. Глобалната популација, пак, се претпоставува дека е меѓу 17 и 74 милиони поединци. Според Црвениот список на МСЗП се смета за вид со најмала загриженост.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 BirdLife International (2012). „Passer hispaniolensis“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Clement, Harris & Davis 1993, стр. 446–447
- ↑ Shelley 1902, стр. 235–237
- ↑ Dresser 1902, стр. 291
- ↑ Metzmacher, M. (1986). „Moineaux domestiques et Moineaux espagnols, Passer domesticus et P. hispaniolensis, dans une région de l'ouest algérien : analyse comparative de leur morphologie externe“. Le Gerfaut (француски и англиски). 76: 317–334.
- ↑ 6,0 6,1 Summers-Smith 1988, стр. 177
- ↑ Obratil, S. (1985). „The range of the Spanish sparrow, Passer hispaniolensis (Temminck) in Bosnia and Herzegovina“. Larus. 36–37: 49–57.
- ↑ Summers-Smith 1992, стр. 42–47
- ↑ Summers-Smith 1988, стр. 171–172
- ↑ Metzmacher, M. (1986). „Organisation spatio-temporelle de la reproduction chez le Moineau espagnol Passer hispaniolensis en zone semi-aride“. L'Oiseau et la Revue française d'Ornithologie (француски и англиски). 56: 229–262.
- ↑ „AnAge entry for Passer hispaniolensis“. AnAge: the Animal Ageing and Longevity Database. Посетено на 25 June 2010.
- ↑ Cramp & Perrins 1994, стр. 311
- ↑ Summers-Smith 1988, стр. 178–179
- ↑ El-Sehhar, A.; and Fraval, A. (1984). „Diet of the Spanish sparrow, Passer hispaniolensis (Temm.), in Morocco; seasonal and geographic variations“. Actes de l'Institut Agronomique et Vétérinaire Hassan II, Morocco. 4 (1): 53–61.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Ali, Sálim (1963). „A Note on the Eastern Spanish Sparrow, Passer hispaniolensis transcaspicus Tschusi, in India“. Journal of the Bombay Natural History Society. 60 (2): 318–321.
- ↑ Summers-Smith 1988, стр. 173–177
- ↑ Gavrilov, E. I. (1962). „A Contribution to the Biology of the Spanish Sparrow Passer hispaniolensis transcaspicus“. The Ibis. 104: 416–417. doi:10.1111/j.1474-919X.1962.tb08669.x.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Шпанско врапче“ на Ризницата ? |
„Шпанско врапче“ на Викивидовите ? |
- Шпанско врапче, видео, фотографии и звук Архивирано на 3 март 2016 г. на Интернет збирката птици
- Шпанско врапче Архивирано на 22 март 2011 г. на ARKive