Белонокта ветрушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белонокта ветрушка
Мажјак (десно) и женки
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Семејство: Соколи
Род: Falco
Вид: Белонокта ветрушка
Научен назив
Falco naumanni
Fleischer, 1818
Жолто: размножување; Зелено: постојан жител; Сино: зимување

Белоноктата ветрушка (Falco naumanni) е мала соколовидна птица. Оваа птица е распространета сè од Средоземјето низ јужна и централна Азија па до Кина и Монголија. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Белонокта ветрушка

Ова е мала граблива птица долга од 27 до 33 см со распон на крилјата од 63 до 72 см. Наликува многу на обичната ветрушка, но има помали крилја и опашка. Го има истиот црн грб и сивиот стомак како и кај ветрушката. Мажјакот има сива глава и опаш како кај ветрушката, но ги нема темните точки на грбот, црната лента кај образите, а има сиви шари на крилјата. Женката и младите се малку посветли од женката кај обичната ветрушка. Повикот на белоноктата ветрушка е цврсто чеј-чеј-чеј , за разлика од кии-кии-кии на обичната ветрушка. И двата пола немаат темни канџи како кај повеќето соколи; кај овој вид канџите се во боја на слонова коска. Оваа птица јаде инсекти, но исто така и помали птици, влекачи и глодачи (најмногу глувци).

Белонокта ветрушка
Falco naumanni

Размножување[уреди | уреди извор]

Белоноктата ветрушка се гнезди колонијално во објекти, карпи или пак во дупки во дрва. Снесува од 3 до 6 јајца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Falco naumanni. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]