Прејди на содржината

Вртивратка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вртивратка
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвести
Семејство: Клукајдрвци
Род: Вртивратки
Вид: Вртивратка
Научен назив
Jynx torquilla
Linnaeus, 1758
Подвидови

Во текстот

Распространетост на вртивратката
     Лете      Трајно      Зиме

Вртивратка (научJynx torquilla) — вид птица од семејството на клукајдрвците (Picidae).

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Овој вид е населен во умерените региони на Европа и Азија. Тие се птици преселници, презимуваат во тропските делови на Африка и јужна Азија (како и во Иран[2]). Тоа е птица на отворени шуми и овоштарници. Кога се селат понекогаш се видени во песочните предели, каде што бараат мравки за прехрана. Вртивратките ги има и во Македонија.

Вртивратка како го извива вратот

Овој вид во должина е од 16 до 18 см и тежи 26-50 г.[3] Нивните клунови се пократки и помалку остри од другите клукајдрвци, затоа што нивниот главен плен се мравки и други инсекти, кои ги наоѓаат во распаднатите дрвја или на голата почва. Тие ги користат дупките во дрвјата за вгнездување, за да не прават нови дупки. Името „вртивратки“ го добиле заради нивната способност да го свртат вратот речиси 180 степени.

Гнездење

[уреди | уреди извор]
Јајца

Вртивратките се гнездат во постоечките дупки во дрвјата. Снесуваат 7 до 10 јајца, во мај и јуни. Јајцата се бели, како на другите клукајдрвци. При опасност, ја користат својата способност за вртење на вратот и нивната змијоликост, испуштајќи шушкав звук. Ваквото нивно чудно поведение доведе да се употребуваат како „клетва“ со зборот „Jynx“ во вештерството.

Систематизација

[уреди | уреди извор]

Постојат 6 подвида:

  • Jynx torquilla chinensis Hesse, 1911
  • Jynx torquilla himalayana Vaurie, 1959
  • Jynx torquilla mauretanica Rothschild, 1909
  • Jynx torquilla sarudnyi Loudon, 1912
  • Jynx torquilla torquilla Linnaeus, 1758
  • Jynx torquilla tschusii O. Kleinschmidt,1907
  1. BirdLife International (2017). Jynx torquilla. Црвен список на загрозени видови. 2017: e.T22680683A111819000. doi:10.2305/IUCN.UK.2017-1.RLTS.T22680683A111819000.en. Посетено на 12 ноември 2021.
  2. „دارکوب قهوه ای (دارکوب راه راه)“. Iran deserts. Посетено на March 1, 2013.
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]