Шумска тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шумска тринга
Wood Sandpiper Photograph By Shantanu Kuveskar.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Шумска тринга
Биномен назив
Tringa glareola
Linnaeus, 1758
Синоними

Rhyacophilus glareola (Linnaeus, 1758)

Шумската тринга (науч. Tringa glareola) е мала крајбрежна птица од фамилијата на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa). Таа е најмалата тринга која живее во Евроазија, а ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Шумската тринга личи на шарената тринга (T. ochropus), со краток фин клун, кафеав грб и долги жолтеникави нозе. Белото под опашката кај оваа тринга е поневпечатливо.[2]

Во поблиско сродство е со црвеноногата тринга (T. totanus), и овие две имаат сестринска врска со блатната тринга (T. stagnatilis). Сите три ја создаваат групата тринги со малку помали црвени или жолтеникави нозе. Перјето во сезоната на парење им е одозгора светло кафеаво, со темнокафеави прошарувања и точки од друга нијанса на кафеаво на вратот и градите. [3]

Распространетост и однесување[уреди | уреди извор]

Вон сезона на парење

Шумската тринга се размножува во субарктичкте мочуришта од Шкотска, преку Европа и Азија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, јужна Азија, Индија и Австралија. Птици скитници се забележани во Пацификот, на Хаваи. Чест посетител е и на Микронезија.[4] Оваа птица обично се среќава крај слатките води додека мигрира или зимува. Тие колваат во плитката вода и кал, јадејќи инсекти и други слични помали животни. Гнездата ги прави на земја или користи напуштени гнезда на дрво од други птици.[2] Четири светло зелени јајца ги лежат меѓу март и мај.

Статус[уреди | уреди извор]

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Овој вид има статус на најмала загриженост.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). "Tringa glareola". Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Hayman et al. (1986)
  3. Hayman et al. (1986), Pereira & Baker (2005)
  4. Hayman et al. (1986), Wiles et al. (2000), VanderWerf (2006), VanderWerf et al. (2006)
  5. BLI (2008)
  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI:10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext
  • VanderWerf, Eric A. (2006): Observations on the birds of Kwajalein Atoll, including six new species records for the Marshall Islands. Micronesica 38(2): 221–237. PDF fulltext
  • VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11–29. PDF fulltext
  • Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext
  • Pizzey, Graham and Knight, Frank: The Field Guide to the Birds of Australia. HarperCollins, Sydney. 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]