Планинска сипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планинска сипка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Сипки
Род: Poecile
Вид: Планинска сипка
Биномен назив
Poecile montanus
(Conrad von Baldenstein, 1827)
Синоними

Parus montanus

Планинската сипка (науч. Poecile montanus) е врапчевидна птица од фамилијата на сипките Paridae. Таа е широко распространет и вообичаен постојан жител на умерена и субарктичка Европа и северна Азија. Поголем љубител е на иглолисните шуми од блиската мала црноглава сипка, што го објаснува нејзиното распространување на север. Таа не е птица преселница. Ја има и во Македонија.

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Планинската сипка се среќава во речиси цела Европа, без медитеранските земји и некои делови на Азија. Претпочита густо обраснати, богати со влага иглолисни и мешани шуми. Само вистинскиот познавач ќе може да ја разликува од малата црноглава сипка, но таа живее во листопадните шуми. Планинската, сака стари изгниени дрвја кои често ги посетува.

Опис[уреди | уреди извор]

Планинската сипка е мала птица со округло тело, голема глава, краток врат и бои кои се вклопуваат во средината. Долга е 12-14 см, има распон на крилјата 16-22 см и тежи 9-14 грама. Врвот на главата, тилот и вратот ѝ се мат црна боја. На грлото има голема црна дамка, а другиот дел од телото е претежно кафеавосива боја. Одоздола е белкава, со светло окер нијанси кон крилјата. Клунот е темно кафеав, а нозете темно сиви.

Огласување[уреди | уреди извор]

Пеење на планинската сипка

Пеењето на планинската сипка може да се слушне преку целата година, но најинтензивно во текот на сезоната на парење, март-април. Повикот ѝ е типично ци-ци-ци, или ци-ци-хии, а имаат и посебно мелодично и ниско пеење чи-чи-чи-фиу-цифик. Во март се слуша повторливото свиркање и до 5-6 пати тиу-тиу-тиу.

Однесување[уреди | уреди извор]

Планинската сипка е постојан жител (не е преселница), и вон сезоната на парење се собира во мали јата во потрега по храна. Летно време се храни претежно со храна од животинско потекло, како инсекти, пајаци и други ситни без'рбетници, а зимно со семиња од шишарки и друга достапна храна од растително потекло[1]. Храната ја бара по гранчињата и стеблата внимателно пергледувајќи ги.

Размножување[уреди | уреди извор]

Оваа птица е моногамна, живее секогаш во парови, дури и тогаш кога се собира во мали јата, зиме со птици од сопствениот или друг сроден вид. Во март парот ја зазема својата гнездова територија и ги прегледува сите можни дупки во дрвјата. Женката понекогаш успева да издлаби сама дупка во некое доволно меко или расипано дрво кое се држи сè уште исправено или, пак, проширува веќе постоечка дупка. Гнездото го подготвуваат од една недела до еден месец, со дупка која не е поширока од 35 мм. Не го постилаат со ништо, и јајцата ги несат директно на дрвото. Имаат едно легло годишно во мај-јуни. Несат 7-9 јајца, кои ги инкубира само женката во тек на 14-15 дена, а за тоа време мажјакот ја храни, повикувајќи ја надвор од гнездото. Младенчињата го напуштаат гнездото по 16-19 дена. Родителите се грижат уште некое време за малите додека целото семејство не се приклучи кон некоја групичка од ист или сроден вид.


Наводи[уреди | уреди извор]

  • BirdLife International (2004). Parus montanus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 12 May 2006 (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern
  • Del Hoyo, J., Elliot, A., & Christie D. (eds). (2007). Handbook of the Birds of the World. Volume 12: Picathartes to Tits and Chickadees. Lynx Edicions. ISBN 978-84-96553-42-2
  • Gill, F. B., Slikas, B., & Sheldon, F. H. (2005). Phylogeny of titmice (Paridae): II. Species relationships based on sequences of the mitochondrial cytochrome-b gene. Auk 122: 121-143. DOI: 10.1642/0004-8038(2005)122[0121:POTPIS]2.0.CO;2 HTML abstract

Надворешни врски[уреди | уреди извор]