Патка превез
Патка превез | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Anatidae |
Потсемејство: | Aythyinae |
Род: | Netta Kaup, 1829 |
Вид: | N. rufina |
Научен назив | |
Netta rufina (Pallas, 1773) |
Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во jужниот дел на Европа и Средна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот Потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.
Патката превез ја има и во Македонија.
Опис[уреди | уреди извор]
Возрасниот мажјак е претпознатлив по неговата заоблена, портокалова глава, црвен клун и црни гради, крилјата им се бели, грбот кафеав, а опашката црна.
Женките се воглавно бледо кафеави со црна позадина и белузлаво лице. Овој вид птици се прекрасни, формираат големи јата во зима, но често се мешаат со другите нуркачки патки како што се црвеноглавиот кожувар.
Исхрана[уреди | уреди извор]


Овие патки главно се хранат преку нуркањето, а највеќе јадат водни растенија.
Размножување[уреди | уреди извор]
Патката превез гради гнездо покрај езера со бујна вегетација и несат околу 8-12 бледо зелени јајца. Тие се најбројни околу области на Англија, вклучувајќи го и Глостер, Оксфордшир и Нортемптоншир. Патката превез е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Netta rufina“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 May 2006. Entry includes justification the status of "Least Concern".
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Патка превез“ на Ризницата ? |