Шлука бекасина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шлука бекасина
Gallinago gallinago a1.JPG
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Gallinago
Вид: Шлука бекасина
Биномен назив
Gallinago gallinago
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

G. g. faroeensis
G. g. gallinago

Синоними

Capella gallinago

Шлуката бекасина (науч. Gallinago gallinago) е мала, набиена крајбрежна птица која потекнува од стариот свет. За време на размножувањето нејзиното живеалиште се мочуриштата, блатата, тундрите и влажните ливади со ниска вегетација низ северна Европа и северна Азија. Таа е птица преселница, со европска популација која мигрира во јужна и западна Европа и во Африка, и азиска, која мигрира во тропска јужна Азија. Оваа птица ја има во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

G. g. faeroeensis во Исланд
Gallinago gallinago - Јајце

Возрасните птици се долги 25-27 см, имаат распон на крилјата 44-47 см и тежат 80-140 г, а над 180 грама пред миграција. Имаат кратки зеленосиви нозе и многу долг, прав, темен клун (5.5-7 см). Телото им е шарено кафеаво со жолти надолжни линии одозгора и светло одоздола. Имаат темна линија врз окото, со светли линии над и под него. Крилјата му се зашилени.[2][3]

Распространетоста на оваа птица е најголема во однос на другите бекасини. Најблиска е на американската вилсонова бекасина G. delicata од Северна Америка, која до неодамна се сметаше за подвид G. g. delicata на шлуката бекасина. Разликата е во бројот на пердувите на опашката, G. gallinago има 7 пара, а G. delicata има 8; американскиот вид, исто така, има малку потесен бел раб на крајот од крилјата.[4][5]

Има два подвида на шлуката бекасина, G. g. faeroeensis во Исланд, Фарски Острови, Шетландски Острови и Оркни (кои зимуваат во Британија и Ирска), и G. g. gallinago во остатокот од стариот свет.

Живеалиште и однесување[уреди | уреди извор]

G. g. gallinago во Индија

Шлуката бекасина е добро камуфлирана птица, срамежлива и се крие себе си блиску до земјата, во вегетацијата, а летнува само кога ќе ѝ се пријде блиску. Кога летнува, испушта остар звук како скип скип и лета цик-цак за да го збуни натрапникот.[6] Се храни пасејќи и копкајќи по меката кал, истражувајќи и собирајќи ја храната што ќе ја види. Претежно јаде инсекти, црви, но и растенија.[3]

За време на додворувањето, мажјакот го изведува своејот „одвејувачки“ летачки танц, кога лета високо во кругови, а потоа се нурнува надолу и произведува звук како „удирање на тапан“ и вибрира со пердувите на опашката. Овој звук некои го споредуваат со блеење на овци или кози, па оттаму во многу јазици оваа птица се вика „летачка коза“, „рајски овен“ и сл.[6] Шлуката бекасина гнезди на добро скриено место на земја, со легло од 4 темно маслинести, испрскани со кафеави дамки, јајца.[6] Ги инкубира само женката во тек на 18-21 ден. Но, откако ќе се испилат, за нив се грижат обата родитела, секој со по 2 малечки. Тие се оперјуваат по 10-20 дена.[2][3]

Статус[уреди | уреди извор]

Сè на сè, видот не е загрозен. Иако во многу земји е сè уште предмет на спортски лов, и иако му се уништува животната средина, популацијата е во доволно голем број за да не биде загрозен вид. Сепак, и на оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Шлуката бекасина како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Gallinago gallinago. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Hoyo, J. del, et al., eds. (1996). Handbook of the Birds of the World, vol. 3. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 496. ISBN 84-87334-20-2. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Snow, D. W., & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic, Concise Edition (Vol. 1), Oxford University Press, Oxford.
  4. Leader, P. (1999). Identification forum: Common Snipe and Wilson's Snipe Birding World 12(9): 371-4
  5. Reid, M. (2008). Identification of Wilson's and Common Snipe British Birds 101 (4): 189-200.
  6. 6,0 6,1 6,2  Една или повеќе речениците пред наводов вклучуваат текст од дело кое сега е во јавна сопственостSnipe“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press. (англиски)
  7. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 87-92.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]