Прејди на содржината

Европска лазачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европска лазачка
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Лазачки
Род: Лазачки
Вид: Европска лазачка
Научен назив
Sitta europaea
Linnaeus, 1758

Европската лазачка (научSitta europaea) е мала врапчевидна птица од семејството на лазачките, распространета низ умерена Европа и Азија. Оваа птица е најчеста и најраспространета од лазачките. Ја има и во Македонија.

Европска лазачка во зима.
(Гледај со висока резолуција)
Sitta europaea

Европската лазачка е долга околу 14 см, со типична голема глава, кратка опашка и силни клун и нозе. Одозгора е синосива со црни линии врз очите. Азиските и северноевропските птици се бели одоздола, и костенливи кај задникот. Западноевропските подвидови се со црвеникави долни делови. Младенчињата се „исплакнати“ верзии на возрасните.

Поведение

[уреди | уреди извор]

Птицата е постојан жител на шумите и парковите, со постари дрвја за гнездење. Се храни со инсекти и семиња. Европската лазачка има способност, освен да се качува, и да се симнува по вертикалните површини. Другите видови, како клукајдрвците, карполазачките, ползачките можат да се движат само нагоре, но не и надолу. Лазачките се единствени што го можат тоа. Кога ја земаат понудената храна од луѓето, тие се многу агресивни кон другите птици и ги бркаат.

Гнездото го сместуваат во дупки или пукнатини и го обложуваат со струготинки или трева. Влезот, пак, го подзатвараат со уредно изѕидан ѕид од кал. Несат 5-8 бели јајца испрскани со црвени точки.

Ова е бучна птица, лесно сместена од нејзиното повторувачко туи-туи-туи огласување.


  1. BirdLife International (2012). Sitta europaea. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]