Европска ноќна ластовица
Ноќна ластовица | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Aves |
Ред: | Caprimulgiformes |
Семејство: | Caprimulgidae |
Род: | Caprimulgus |
Вид: | C. europaeus |
Биномен назив | |
Caprimulgus europaeus Linnaeus, 1758 | |
![]() | |
портокалово: Летни региони за размножување сино: Познати локации во зима сини ѕвезди : Можни локации во зима |
Европска ноќна ластовица, евроазиска ноќна ластовица или ноќна ластовица (Caprimulgus europaeus) е единствениот вид од семејството ноќни ластовици во цела Европа и умерена Азија.
Живеалиште и распределеност[уреди | уреди извор]
Ноќната ластовица доцна се преселува и ретко се појавува пред крајот на април и почеток на мај. Летното преселување се појавува во северна и Средна Европа, а зимското во Африка.
Во јужна Европа и во потоплите делови од Африка и Азија, ја заменуваат други членови од семејството ластовици. Во Велика Британија и Ирска се појавува постојано, но во Шетланд и во други северни острови е позната како привремен преселник. Ноќната ластовица ја има и во Македонија.
Опис[уреди | уреди извор]
Ноќните ластовици се долги 25 до 30 см, тежат од 50 до 100 g и имаат распон на крилјата од 53 до 61 см.[2]
Перја[уреди | уреди извор]
Мажјаците се разликуваат од женките по белите дамки на крилјата и опашката. Во време на парење, мажјакот лебди над женката, со крилјата кренати под остар агол, ја шири широко опашката за да ги покаже белите дамки.
Песна[уреди | уреди извор]
Неjzinata песна е чуден чрчор и е сигурен начин за идентификација. Нежниот и механички звук што го создава, се крева и спушта - поради ветерот или вртењето на главата на птицата. Долната вилица ѝ вибрира, грлото е широко отворено, а пердувите накострешени. Кога чрчори, ластовицата е качена на дрво или на нешто друго.
Кога лета, ластовицата има мек звук но и остар и повторлив аларм, цуиик, цуииик. За време на парење користи остар звук кој го прави со удирање на крилјата над грбот.
Ластовицата лета навечер, најчесто на зајдисонце. Дење, лежи тивко на земјата, сокриена со перјата.
Исхрана[уреди | уреди извор]
Ластовиците бараат храна од приквечер до наутро, најчесто ловејќи молци и други големи летачки инсекти.
Погледни[уреди | уреди извор]
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ BirdLife International (2012). „Caprimulgus europaeus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ НП Галичица
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Европска ноќна ластовица на Ризницата ?
- Огласување на птицата — Kalerne Архивирано на 28 јули 2011 г..
- ARKive Stills, videos Архивирано на 21 март 2008 г.
- Ageing and sexing (PDF; 5.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.