Среден северен нуркач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Среден северен нуркач
Mergus serrator -New Jersey -USA -winter-8.jpg
Мажјак во зима
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Merginae
Род: Mergus
Вид: Среден северен нуркач
Биномен назив
Mergus serrator
Карл Лине, 1758
Распространетост
жолто - лето; сино - зима; зелено - цела година
Синоними

Merganser serrator

Средниот северен нуркач (Mergus serrator), познат во Македонија и како белез е средно голема водна птица од фамилијата патки, редот на гусковидните.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Белезот се размножува во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува по јужните крајбрежја на Европа, вклучително и Македонија. Живее крај езера, реки, морски и океански крајбрежја. Претпочита солени води.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Средниот северен нуркач бил опишан со своето сегашно научно име од страна на Карл Лине во неговата книга од 18 век, Systema Naturae.[2]

Младенче

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасниот белез е долг 51–62 cm со распон на крилјата 70–86 cm.[3] Тoj има остра креста (пувка) и долг тенок црвен клун со назабени рабови. Изразен е половиот диморфизам. Мажјакот има темна глава со зелен сјај, ​​бел врат и гради со боја на 'рѓа, грбот му е црн, а долните делови бели. Возрасните женки имаат сивкасто тело и глава со боја на ’рѓа. Младенчињата се како женките, но немаат бело кај вратот и на крилата. Пливаат и нуркаат многу добро, но и по земја се движат, исто така, добро. Женките се огласуваат со рапаво „праак-праак“, а мажјаците со тивка звуци како кивавица.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Средниот северен нуркач претежно се храни со мали риби, но и со водни инсекти, ракови, и жаби. Кога се храни нурка во водата и до длабочина од 30 метра и се задржува под вода пола минута, а најчесто околу 15 секунди.

Размножување[уреди | уреди извор]

Средниот северен нуркач (белезот) е моногамна птица. Гнездото го прави на земја сред густа вегетација и високи треви подалеку од водата. Несе 4-14 јајца. Ги инкубира само женката во тек на 29-35 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени да можат да се движат и хранат самостојно и го напуштаат гнездото уште првиот или вториот ден. Еден пар одгледува само едно легло годишно.

Статус[уреди | уреди извор]

На средниот северен нуркач се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2008). „Mergus serrator“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 9 December 2010.
  2. Linnaeus, Carl (1758) (на Latin). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 62. 
  3. Jonsson, Lars (1992). Birds of Europe with North Africa and the MIddle East. Princeton University Press. стр. 118. ISBN 0-691-03326-9. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]