Цуцул-чучурлига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цуцул чучурлига
Crested Lark (Galerida cristata) at Sultanpur I Picture 118.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Чучурлиги
Род: Galerida
Вид: G. cristata
Биномен назив
Galerida cristata
(Linnaeus, 1758)

Цуцул-чучурлигата (Galerida cristata) е распространета низ Евроазија, до Индија и Кина, и во Африка. Ја има и во Македонија. Спаѓа во редот на врапчевидните птици, фамилијата на чучурлигите.

Опис[уреди | уреди извор]

Како и другите чучурлиги, и оваа е мала птица со должина на телото 17-18 cm, распон на крилјата 34 cm, и тежина од 45 грама. Перјата и се шарени со темно и светло кафени, црни и жолти бои. Долниот дел е бел. Карактеристично за овој вид е цуцулката на главата, по што го добила и името. Таа ја поткрева цуцулката кога се додворува, пее и кога се бори за својата територија.[2] Половите не се разликуваат многу. Летаат убаво, а на земјата одат без потскокнување. Кога летаат им се гледа црвеникавата боја под крилата.

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Цуцулестата чучурлига е широко распространет вид, кој се среќава во цела Европа, Азија и Африка. Тие не се преселници, освен популациите од најсеверните делови. Живее на отворени, суви, тревнати подрачја. Исто така, се среќава покрај патиштата, железниците, пристаништата и аеродромите.[3]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Храната си ја бара на земја, и јаде мали инсекти, семиња, црвчиња и сл.

Размножување[уреди | уреди извор]

Galerida cristata

Исто како другите чучурлиги, цуцулестата гнездото го прави на земја. Снесува 3-5 бели јајца, испрскани со сиви, црни и кафени точки. Размерот им е 22х17 мм. Ги лежат 12-13 дена, а малечките се развиваат брзо, па по десетина дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат со инсекти. [4] Во периодот на парење, мажјакот лета и ги пее своите карактеристични многу мелодични песни, со потсвиркување, дури и имитирање звуци.

Токму поради нејзиното убаво пеење, понекогаш се чува во домашни услови, а таа го поднесува животот во затворено.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Galerida cristata. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. Dr Francois Vuillemier Animal Dorling Kindersley, London, 2001 pp.342
  3. Hayman, Peter and Hume, Rob The complete guide to the bird life of Britain and Europe Bounty Books, 2004
  4. Hayman, Peter and Hume, Rob The complete guide to the bird life of Britain and Europe Bounty Books, 2004

Надворешни врски[уреди | уреди извор]