Прејди на содржината

Црвеноклун лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвеноклун лебед
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Гуски
Племе: Лебеди
Род: Лебед
Вид: Црвеноклун лебед
Научен назив
Cygnus olor
(Гмелин, 1789)
Синоними
  • Anas olor Gmelin, 1789
  • Sthenelides olor (Gmelin, 1789)
  • Cygnus immutabilis Yarrell, 1838

Црвеноклуниот лебед (науч. Cygnus olor) ― вид лебед кој спаѓа во семејството на патките, редот на гусковидните.[2][3][4] Негова природна распространетост се Европа и Азија, и како редок зимски посетител - северна Африка. Но, тој е увезен и населен вид и во Северна Америка, Австралија и јужна Африка. Овој лебед го има во Македонија.

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Црвеноклуниот лебед за првпат бил опишан од германскиот природонаучник Јохан Фридрих Гмелин како Anas olor во 1789 и префрлен од Јохан Матеус Бехштајн во новиот род лебеди (Cygnus) во 1803 година.[5][6][7]

И покрај неговото евроазиско потекло, негови поблиски роднини се црниот лебед од Австралија и црновратиот лебед од Јужна Америка, а не останатите лебеди од северната полутопка.[2] Овој вид е монотипичен, без подвидови.[2][4]

Еволуција

[уреди | уреди извор]

Подфосилите на црвеноклуниот лебед се стари 6000 години, пронајдени во по-леднички тресетни гнезда во Источна Англија, Обединетото Кралство.[8] Тие биле забележани од Ирска на исток до Португалија и Италија,[9] и од Франција, 13 000 г.п.с.(Десброс и Мурер-Шовир 1972–1973). Палеоподвидовите Cygnus olor bergmanni, кој се разликувал само по големина од сегашната птица, е познат по фосилите пронајдени во Азербејџан. Џиновскиот лебед, друг палеоподвид од средоземните острови Малта и Сицилија, можеби бил уште поголем (една третина поголем од црвеноклуниот) и безлетен.

Фосили на предци на лебеди кои се далечно сродни на црвеноклуниот лебед биле пронајдени во четири држави во САД: Калифорнија, Аризона, Ајдахо и Орегон.[10] Временската временска линија се протега од миоценот до крајот на плеистоценот, или 10,000 г.п.с. Најновото откритие било во пустината Анза Борего, државен парк во Калифорнија. [11] Фосилите од плеистоценот вклучуваат Cygnus paloregonus од Фосилното Ззеро, Орегон, Фроманов Фери, Ајдахо и Аризона, а Хауард ги нарекува „Водна птица на светот“ како „веројатно црвеноклуб тип на лебед“.[11]

Црвеноклун лебед во Зоо Скопје.

Возрасните единки на овој голем лебед се од 140 до 160 см долги, а во некои екстремни случаи дури и од 125 до 170 см долги, со распон на крилјата од 200 до 240 см.[12][13] Мажјаците се поголеми од женките и имаат поголема џумка на клунот. Просечно, ова е втора по големина водна птица по лебедот трубач, иако мажјакот од црвеноклуните лебеди може да го надминe по маса лебедот трубач.[4][14] Покрај другите мерки, црвеноклуниот лебед има должина на тетивата на крилото од 53 до 62,3 см, писката (тарзусот) му е долг од 10 до 11,8 см, а клунот од 6,9 до 9 см.[4]

Црвеноклуниот лебед е една од најтешките птици летачи. Мажјакот тежи во просек од 11 до 12 килограми, а женките од 8,5 до 9.[4][15] Иако најголемата тежина на оваа птица може да достигне до 15 килограми, еден необичен Полски лебед достигнал тежина до 25 кг, но прашање е дали тој со таква тежина би можел да полета.[16]

Младенчињата, до една година, наречени пајчиња, не се бели како возрасните и клуновите им се сивкасто-црни, а не портокалови. Долниот дел може да им биде бел или сиво-жолтеникав. Белите пајчиња се со гени на редуцирана пигментација. Кога ќе созреат, сите црвеноклуни лебеди се бели, но понекогаш заради железото и танините во водата перјето на главата и вратот може да им станат портокалово-кафени.

Поведение

[уреди | уреди извор]
Гнездејќи се во рана пролет.
Јајце на црвеноклуниот лебед.

Црвеноклуните лебеди прават големи џумкасти гнезда од крајбрежната вегетација или на остров или на брегот од езерото. Тие се моногамни и често го употребуваат истото гнездо, поправајќи го и обновувајќи го, ако е потребно. Мажјаците и женките ја делат грижата за гнездото и кога пајчињата ќе созреат, не е невообичаено да се забележат цели семејства како одат во потрага по храна. Се хранат со водни растенија кои лесно ги дофаќаат во водата со своите долги вратови, или пак, пасат од крајбрежјето. Исхраната обично ги вклучува и земјоделските растенија како маслодајната репка и пченицата, а зиме знаат да направат штета јадејќи од нивите и газејќи со своите големи ципести нозе.[17]

За разлика од црните лебеди, црвеноклуните лебеди се исклучително територијални - со само еден пар во едно помало езеро. Понекогаш, ретко, може да се сретне помала колонија.

Звукот што го испушта црвеноклуниот лебед е вибрирачко бревтање од крилјата кога лета. Овој звук е специфичен, и може да се слушне на оддалеченост од еден до два километра и веројатно служи за контакт меѓу птиците во лет. Особено кога комуницираат со своите мали пајчиња, возрасните прават разни звуци што наликуваат на гровтање, шмркање, свиркање, а ако некој грабливец им се приближува до нивната територија тогаш создаваат звук со с`скање.

Слетување

Иако оваа птица е питома, особено за оние што секојдневно ја хранат, таа знае да биде многу агресивна кога треба да го одбрани своето гнездо. Големината ѝ овозможува да се бори со животни големи колку којотите. Дефанзивниот напад лебедот го започнува со с`скање, а ако тоа не е доволно за да се избрка напаѓачот, следува физичкиот напад. Напаѓа разбивајќи го со коскестите делови од крилото и гризење со големиот клун. Крилата на лебедот се многу силни, доволно за да скрши човечка нога.[18] Лебедите ги напаѓаат луѓето ако се обидат да им влезат во нивната територија, може да нападнат и помали чамци, кануа и сл. за кои ќе помислат дека се закана за малите пајчиња. Најпрво, лебедот се обидува да го избрка грабливецот, што му успева со лисиците и другите грабливки кои остануваат на брегот.

Познатата поза со вратот свиткан на грб и малку поткренатото крило, позната како „уличен свирач“, е фалбаџиско-заканувачка поза, повеќе практикувана од мажјаците, но понекогаш и од женките.

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]
Ловејќи храна под вода.

Природното живеалиште на црвеноклуниот лебед се умерените области на Европа и западна Азија, па на исток сè до Приморски Крај.[19]

Таа е делумно птица-преселница, од северните краeви на Европа и Азија патува до северна Африка и Средоземјето. Според Програмата за животна средина на ОН, и Интернационалната мапа на птичји видови, црвеноклуниот лебед го има во 70 земји, во 49 се гнезди, а во 16 минува. Овој лебед во Јапонија го има на свитоци стари повеќе од 1000 години.

Црвеноклуниот лебед во повеќето земји е заштитен вид, но ова не го спречува нелегалниот лов. Тој често се чува надвор од својата природна средина, во мали езерца и базени, за декорација, од каде се случува и да избега.

Светско население

[уреди | уреди извор]

Домородно население

[уреди | уреди извор]

Вкупното светско население на црвеноклуниот лебеди е околу 500,000 по периодот на парење (возрасни и младенчиња), од кои 350,000 се во Русија.[2]

Доведено население

[уреди | уреди извор]

Црвеноклуните лебеди биле донесени во Северна Америка кон крајот на 19 век. Се покажало дека се инвазивен вид кој ги загрозува другите видови. Порастот на население се движел до 10% годишно, и за 7-8 години го удвоиле своето население.[20] Several studies have concluded that Mute Swans severely reduce densities of submerged vegetation where they occur.[21] Останатите населени популации се мали. Околу 200 во Јапонија, помалку од 200 во Нов Зеланд и околу 120 во јужна Африка.[2]

Погледни

[уреди | уреди извор]
  1. BirdLife International (2004). „Cygnus olor“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 1 May 2006.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 del Hoyo, J., уред. (1992). Handbook of the Birds of the World. 1. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 577–78. ISBN 84-87334-10-5.
  3. Snow, D. W (1998). The Birds of the Western Palearctic (Concise. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Madge, S.; Burn, H. (1987). Wildfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese and Swans of the World. A & C Black. ISBN 0-7470-2201-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Cheng, Tso-hsin (1987). A Synopsis of the Avifauna of China. Beijing: Science Press. стр. 48–49. ISBN 3-490-12518-5.
  6. Liddell, Henry George; Scott, Robert (1980). A Greek-English Lexicon (Abridged. изд.). United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 0-19-910207-4.
  7. Simpson, D.P. (1979). Cassell's Latin Dictionary (5. изд.). London: Cassell. ISBN 0-304-52257-0.
  8. Northcote, E.M. (1981). „Size difference between limb bones of recent and subfossil Mute Swans (Cygnus olor)“. J. Archeol. Sci. 8 (1): 89–98. doi:10.1016/0305-4403(81)90014-5.
  9. Palmer, Ralph S., уред. (1976). Handbook of North American Birds. 2. New Haven: Yale University Press. ISBN 978-0300019025.
  10. Jefferson, George T.; Lindsay, Lowell, уред. (2005). Fossil Treasures of the Anza-Borrego Desert. Sunbelt Publications. стр. 153. ISBN 9780932653505.
  11. The Waterfowl of the World. стр. 262–265.
  12. Madge, Steve, Waterfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese, and Swans of the World. Houghton Mifflin Harcourt (1992), ISBN 978-0-395-46726-8
  13. Mullarney, K., Svensson, L, Zetterstrom, D., & Grant, P.J. (1999) Collins Bird Guide. HarperCollins Publishers Ltd, London p. 14
  14. del Hoyo|display-authors= et al, Handbook of the Birds of the World. Volume 1: Ostrich to Ducks (Handbooks of the Birds of the World). Lynx Edicions (1992), ISBN 978-84-87334-10-8
  15. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  16. Wood, Gerald (1983). The Guinness Book of Animal Facts and Feats. ISBN 978-0-85112-235-9.
  17. Parrott, D.; McKay, H. V. (2001). „Mute swan grazing on winter crops: Estimation of yield loss in oilseed rape and wheat. Mute swans occasionally eat insects, amphibians and smaller birds“. J. Crop Protection. 20: 913–919.
  18. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-26. Посетено на 2013-04-04.
  19. Dement'ev, G.P.; Gladkov, N.A. (1967). Birds of the Soviet Union. IV. U.S. Fish & Wildlife Translation.
  20. Petrie, Scott A.; Francis, Charles M. (2010). „Rapid increase in the lower Great Lakes population of feral mute swans: a review and a recommendation“. Wildlife Society Bulletin. 31 (2): 407.
  21. Allin, Charles C.; and Husband, Thomas P. (2003). „Mute Swan (Cygnus olor) impact on submerged aquatic vegetation and macroinvertebrates in a Rhode Island coastal pond“. Northeastern Naturalist. 10 (3): 305–318. doi:10.1656/1092-6194(2003)010[0305:MSCOIO]2.0.CO;2. ISSN 1092-6194.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]