Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Лебед
SwansCygnus olor.jpg
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација
Царство: -{Animalia}-
Колено: -{Chordata}-
Класа: -{Aves}-
Ред: -{Anseriformes}-
Семејство: -{Anatidae}-
Род: -{Cygnus}-
Disambig.svg

Лебед преставуваат птици од фамилијата на Anatidae, во која спаѓаат и гуските и патките.

Опис[уреди | уреди извор]

Пердувите на лебедите се целосно бели, или се мешавина од црно и бело, понекогаш и со бело црни завршетоци на крилјата. Црните лебеди се единствените видови на црни лебеди. Тие имаат бели завршетоци на крилјата и изразена црвена боја на клуновите. Мажите и жените се секогаш многу слични, без сексуален диморфизам. Лебедите во однос на гуските се различни, имаат подолг врат кој им овозможува да пребаруваат на дното, и во подлабоката вода, како и во големината на телото, што ги прави најголеми водни птици, распонот на крилјата може да им достигнат и до два метра, а нивната тежина може да изнесува 15 кг, се смета дека нивниот животен век се движи од 19- 50, но и повеќе од ова, спротивно на крилјата нозете им се многу кратки, така што лебедите на земјата делуваат многу неспретно, меѓутоа затоа имаат силни крилја и мускули, па можат да прелетаат и повеќе од илјада километри до своите гнезда на север. Двата родители се грижат за младите, и остануваат со нив до една година

Систематика[уреди | уреди извор]

Лебедите во потесна смисла на видовите се од Cygnus, кои се делат на пет, односно седум видови. Јужноамерикански Коскорба лебед е единствениот вид од родот Coscoroba.

Видови[уреди | уреди извор]

Прави лебеди (-{Cygnus}-)

  • Црни лебеди (-{C. atratus}-)
  • Црновретни лебеди (-{C. melanocoryphus}-)
  • Црвеноклунести лебеди (-{C. olor}-)
  • Лебед трубач (-{C. buccinator}-)
  • Лебед свиркач (-{C. columbianus}-)
  • Патулест лебед (-{C. bewickii}-)
  • Лебед пеач (-{C. cygnus}-)
  • Новозеландски лебед (-{C. sumnerensis}-)

Коскороба лебеди (-{Coscoroba}-)

Лебедот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Лебедот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Лебедот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Гуската и лебедот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[1]
  • „Лебед девојка“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[2]
  • Леда и лебедот“ (Leda and the Swan) - песна на англискиот поет В. Б. Јејтс.[3]
  • „Трубата на лебедот“ - роман на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1970 година.[4]

Лебедот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 15.
  2. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 109-110.
  3. W. B. Yeats, „Leda and the Swan“, во: Kenneth Allot, ed., The Penguin Book of Contemporary Verse 1918 – 60. Harmonsworth, Middlesex, UK: Penguin Books, 1962, стр. 45.
  4. „Белешка за авторот“, во: Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004, стр. 131.
  5. www.tchaikovsky-research.net (пристапено на 20.1.2013).
  6. YouTube, Prljavo kazaliste - Moj bijeli labude - lyrics ()
  7. YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
  8. YouTube, Madness - Swan Lake (пристапено на 3.12.2017)
  9. официјална интернет-страница на „Свонс“ (пристапено на 19.3.2017)