Црн лебед
Црн лебед | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Патки |
Род: | Лебед |
Вид: | Црн лебед |
Научен назив | |
Cygnus atratus (Лејтем, 1790) | |
Подвидови | |
| |
Синоними | |
|
Црниот лебед (Cѕgnus atratus) — голема водна птица, која најмногу се среќава во југоисточните и југозападните делови од Австралија.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Црните лебеди за првпат биле видени од Европејци во 1697 година, кога експедицијата на Вилем де Вламингс ја истражувале Лебедовата река, Западна Австралија.
Црниот лебед прв го опишал научно англискиот природонаучник Џон Лејтам во 1970 година. Пред тој бил „сместен“ во монотипичниот род Chenopis.
Името „лебед“ е вообичаено за двата пола, но можеме да ги разликуваме како лебед мажјак, лебед женка и младо на лебед. Црните лебеди може да се видат поединечно, или во големо друштво, кое брои стотици или илјадници лебеди.
Изглед
[уреди | уреди извор]Црните лебеди се птици со црни пердуви, со мал број на бели пердуви. Клунот им е светлоцрвен, со бледа линија и блед врв, а нозете и стапалата им се сиво-црни. Мажјакот е малку поголем од женката, со подолг и поправ клун. Малите лебеди се сиво-кафени, со побледи пердуви.
Еден возрасен лебед мажјак е долг од 110 до 142 см., и тежи од 3,7 до 9 кг. Распонот на крилјата му е од 1,6 до 2 метри. Вратот му е долг (релативно најдолг меѓу лебедите) и свиткан во форма на буквата „Ѕ“.
Црниот лебед испушта продорен звук, кој наликува на звук од труба, а тоа го прави за додека летаат или кога се во вода. Исто така, овие лебеди може и да свиркаат, особено кога дишат или кога се вгнездуваат.
Црниот лебед не личи на ниту една друга австралиска птица, иако на слаба светлина и од далеку може да заличи на гуска во лет. Меѓутоа, секогаш може да го препознаете по неговиот подолг врат и поспорото мавтање со крилата.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Овој вид на птици има голема распространетост, со бројка од еден до десет милиони км2, во зависност од можноста на протегање. Сегашната населеност низ целиот свет е проценета на 500.000 птици. За овој вид нема закана за истребување, или некое позначајно намалување во бројноста на овој распространет вид.
Австралија
[уреди | уреди извор]Црниот лебед вообичаено може да се сретне во повлажните земји на југозападна и источна Австралија и на околните острови. Во југозападниот дел се наоѓаат во областите меѓу северозападен Кејп, Кејп Лиовин и Јукла, додека на источниот дел во поголеми региони како Атерон Тејбленд, Јуре Пенинсула и Тасманија, а Муреј Дарлинг Базин кој има голема населеност на црните лебеди. Во централна и северна Австралија ги нема овие лебеди.
Живеалиштето на црните лебеди се наоѓа во свежи и солени води, езера, реки и мочуришта со подводна вегетација, која им служи како храна и материјал за правење гнезда. Овие птици најмногу ги сакаат оние места што постојано се влажни, и кои имаат украсни езера, но ваквите лебеди може да се најдат и на потопени пасишта со живеалишта од кал, и повремено на отворено море покрај брегови и острови.
Порано се верувало дека црните лебеди не се селат, но сега знаеме дека тие се номадски вид. Нема поставена шема на селење, но ги избегнуват местат каде што има дождови и суша. Во годините во кои често врне дожд, тие есе селат од југозапад и југоисток во внатрешноста, и во обратен правец во посушните години. Ако во сувите централни региони, сепак, падне дожд, црните лебеди ќе се преселат во овие делови за да направат гнездо и да го израснат своето младо. Меѓутоа, доколку се врати сувоста на тоа место пред младото да порасне, родителите го напуштаат гнездото и нивните јајца или млади и се враќаат во влажните области. На црните лебеди, како и кај многу други водни птици, пердувите им паѓаат одеднаш, кога се митарат по приплод, и не можат да летаат приближно еден месец. Додека им се случува тоа, тие се сместуваат на големи, отворени води за да бидат побезбедни.
Места на коишто бил доведен црниот лебед
[уреди | уреди извор]Пред доаѓањето на Маорите на островите на денешен Нов Зеланд, на островите се развиле подвидови на црниот лебед, кој се нарекувал новозеландски лебед, но бил ловен до истребување. Во 1864 година, австралискиот црн лебед бил донесен во Нов Зеланд, како украсна водна птица и сега може да се најдат во поголеми крајбрежни реки, особено во езерата Роторуа, Ваирапара и Елесмер, како и на островите Катам. Црните лебеди, исто така, природно се населиле во Нов Зеланд, што ги навело научниците да ги сметаат овие птици за тамошни, наместо егзотични птици, иако сегашните лебеди изгледа дека се донесени од некаде.
Црниот лебед е, исто така, многу популарен како украсна водна птица во западна Европа, особено во Британија, и често се случува да избегаат. Птиците, од овој вид, кои се наоѓаат во Британија, не можат самите да опстануваат, и затоа не е дозволено запишување на овој вид во официјалната „Британска листа“, но Надзорот за диви птици има евидентирано девет пара од овие птици во Велика Британија во 2001 година, со проценка од 43 диви птици до 2003/04 година (тоа е несомнено потценета бројка, земајќи го предвид нивото на надгледување).
Градот Давлиш, Девон, стана асоцијација за црниот лебед, и оваа птица е заштитен знак на градот цели 40 години.
Поведение
[уреди | уреди извор]Положба
[уреди | уреди извор]Кога пливаат, црните лебеди, ги држат своите вратови свиткани во облик на лак или исправени, и нивните пердуви или крила се подигнати во напаѓачка положба. Во лет, телото на црниот лебед ќе се формира како линија или во облик на „V“, а птиците кои се сами, летаат силно со брановидните долги вратови, и испуштаат извици со своите крила, кои звучат како свирежи и звуци од труба.
Вгнездување и размножување
[уреди | уреди извор]Црните лебеди, вообичаено се вгнездуваат во повлажните и поладни месеци (од Февруари до Септември), повремено во големи колонии. Типичното квачење содржи од 4 до 8 зеленкаво бели јајца, на кои мајката лебед седи и ги топли околу 35 до 40 дена. Откако ќе се изведат малите, нивните родители ги носат околу 6 месеци, сè додека не почнат сами да летаат. Со тоа можат да се „возат“ на грбот од нивните родители на подолги патувања во подлабоките води.
Гнездото на црниот лебед е изградено од многу трски, тревки и плевел, и се со должина од 1 до 1,5 метри во пречник и до 1 метар високи, и се наоѓа во плитки води или на острови. Гнездото се користи секоја година, и се доградува ако е потребно. Двајцата родители се грижат заедно за гнездото. Како и другите лебеди, и овие живеат во моногамија, и се спаруваат со еден лебед доживотно (околу 6% од лебедите се разделуваат). Скорешни истражувања покажале дека околу една третина од сите парови, го менуваат партнерот, само за сексуалните односи. Една четвртина од паровите, се хомосексуални парови, повеќето машки. Тие крадат гнезда, или имаат сексуални односи во тројки, за да добијат јајца, и ја носат далеку женката откако ќе ги одлежи јајцата.
Заштита
[уреди | уреди извор]Црниот лебед е заштитен од Актот за австралиски национални паркови и диви животни од 1974 година. За овој вид е проценето дека не е загрозен воопшто, и е проценет како вид за кој не треба да се грижат на ИУЦН Црвената листа.
Односи со луѓето
[уреди | уреди извор]Австралиска култура
[уреди | уреди извор]Црниот лебед бил книжевен и филмски лик, дури и пред откритието на црниот лебед (Cygnus atratus). Нивната културна одлика е заснована врз симболичен контраст и карактеристичен мотив.
Црните лебеди играле улога во австралиското потекло и културните богатства на првото основање на колониите во осумнаесеттиот век. Често биле споредувани со дијаметрално спротивен идентитет, во контрастите со белиот лебед од северната полутопка, означени како „Австралијци“. Црниот лебед е истакнат на државното знаме на Западна Австралија, а исто така, се појавува на грбот и друга иконорафија на државните институции.