Сив клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сив клукајдрвец
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвни
Фамилија: Клулајдрвци
Род: Клукајдрвец
Вид: Сив клукајдрвец
Биномен назив
Picus canus
Gmelin, 1788

Сивиот клукајдрвец (Picus canus), исто така познат како сиволикиот клукајдрвец, е Евроазиски член на клукајдрвци на фамилијата Piciformes. Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Неговите перја наликуваат на неговиот роднина Европскиот зелен клукајдрвец. Горниот дел од неговото тело е зелен, а неговиот долен дел е бледо сив со жолта задница. Има сива глава со црни влакна над клунот. Мажјакот има црвено чело, пократок врат, потенок клун и малку позаоблена глава од зелениот клукајдрвец. Долг е 25–28 cm и тежи 130-180 грама.

Grey-headed Woodpecker.jpg

Живеалиште[уреди]

Сивиот клукајдрвец живее во листопадните и мешаните шуми. Се пари во мај и може да снесе од 5 до 10 јајца кои се одгледувани од двата родители. Младите се изведуваат по 15-17 дена и учат како да летаат во нивната четврта недела.

За време на летниот период, сивиот клукајдрвец јаде црви, ларви од лебарки и други инсекти. Во зимскиот период се храни со семиња, и може да дојде дури во градини каде што може да се храни.

Call from the Central Himalayas

Систематизација[уреди]

Има два вида птици наречени сив клукајдрвец: Dendropicos spodocephalus и Picus canus.

Наводи[уреди]

  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.